Директорот на ДЗС, Симовски, апелира законот за попис да се донесе што поскоро
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска изрази надеж дека политичките партии  и пратениците ќе најдат разбирање и време к да се посветат на што поскоро донесување на законот за спроведување на пописот, бидејќи оваа операција, како што вели, е од исклучително значење за државата и за сите граѓани.
симовски„Ова е исклучително важна операција за целата држава и за сите граѓани во неа, така што се надевам дека парламентарците ќе најдат разбирање и време да се посветат на ова прашање и законот да се донесе што е можно побрзо. Се разбира нема пропаѓање, затоа што може да има само одложување на пописот“, рече Симовски, одговарајќи на новинарско прашање дали е можно пописот кој се планираше да се одржи во април следната година да пропадне, со оглед на тоа што се уште нема договор за законот.
Дефинитивно, вели директорот на ДЗС, пописот ни е нужно потребен и мора да го спороведеме.
„Дали тоа ќе биде во април или нешто подоцна не знам, но ќе мора да го спроведеме. Се надевам дека  ќе има попис во најскоро време, зашто тоа е нешто што е во интерес на сите граѓани на државата, а не во интерес на било која политика опција во Парламентот“, рече Симовски одговаракќи на прашањс по промоцијата на Првиот национален извештај за родов индекс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×