Директорот на „Пиксел“, Филип Ристевски, избран за „Претприемач на годината 2018 г.“
Објавено на од во Компании

Доделени наградите „Претприемач на годината“ во организација на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ). 

Filip-1

Филип Ристевски, директор на „Пиксел“ ја прима наградата “Претприемач на годината“

Неколку домашни компании вчера беа наградени на изборот „Претприемач на годината 2018“ за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во земјата.

Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Ваљон Купа, менаџер на компанијата „Евита груп“ од Дебар, а втората на Филип Ристевски, менаџер на компанијата „Пиксел“ од Скопје.

„Нема поголема награда за една фирма кога сета напорна работа во текот на годините ќе се валоризира со признание како она на престижните награди ‘Претприемач на годината 2018′ за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во земјата.„, велат од „Пиксел“, компанија за услуги од сферата на дигиталниот маркетинг. 

Првата награда во категоријата микропретпријатија му е доделена на Сашко Андонов, менаџер на компанијата „Течко нет“ од Кочани, а втората на Александар Билјаноски, менаџер на компанијата „Мое студио Дадар“ од Скопје.

Наградите ги доделија министерот за економија, Крешник Бектеши, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, и Лазар Неданоски, раководител од Македонската развојна фондација за претпријатија.

Filip-3

Претселекцијата за изборот на „Претприемач на годината 2018“ беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на Република Македонија. Во периодот од 2015 до 2017 година вкупно 112 микро и мали претпријатија ги исполнија критериумите за избор и имаат реализирано континуиран раст во бројот на вработени, во вкупните приходи, во добивката и во инвестициите. Со најдобрите претприемачи се стапи во контакт и беа вклучени во процесот на избор преку пополнување прашалник, посета на терен, анализа и оцена според однапред утврдени критериуми (посветеност на обуки, маркетинг и стратегија за раст, инвестиции во опрема и истражување, развој и иновации и др.).

Главни организатори на Претприемач на годината 2018 се Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ). Коорганизатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Институционален покровител е Министерството за економија на Република Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×