Директорската функција мора да се прифати со срце, глава и раце
Објавено на од во Магазин
Indra-Nooyi

Индра Кришнамурти Ноји родена во Индија, а која живее и работи во Америка, е претседател и извршен директор на една од најпознатите компании за храна и пијалаци PepsiCo. Таа постојано се наоѓа на листата 100 најмоќни жени во светот, а во 2014 година беше рангирана на 13 место на оваа листа на Forbes. Во моментот компанијата брои 271 илјади вработени и има приходи од 66,7 милијарди долари. Оние што ја познаваат ја опишуваат со изреката: „Прави и добива“. Ова се дел од нејзините размислувања и бизнис стратегии:

 

„Лидерството е тешко да се дефинира, а доброто лидерство уште потешко. Но ако успеете да ги натерате луѓето да ве следат до крајот на земјата, тогаш вие сте одличен лидер“

 

„Само поради тоа што сте станале извршен директор, не значи дека сега можете да се одморите. Вие мора постојано да растете, да ги продлабочувате знаењата, да го менувате начинот на размислување и начинот на кој гледате на организацијата. Јас никогаш не го заборавам тоа“

 

„ Ако сакате вашата организација да напредува, вие како лидер исто така мора да напредувате и да ја носите организацијата со вас. Ова е голема лекција. Не може да очекувате организацијата да биде подобра ако вие не сте подобри“.

 

„Како лидер јас сум многу строга кон мене и го кревам стандардот за сите. Сепак, истовремено сум грижлива бидејќи сакам луѓето да успеат најмногу во она што го прават, и да аспирираат еден ден да станат како мене“

 

„Да се биде извршен директор е повик. Не треба да станете тоа само поради тоа што е работно место. Тоа е повик, и кон треба да се вклучите со вашата глава, срце и раце. Вашето срце треба да ја сака таа работа, но и вие треба да го сакате она што го правите. А ако не размислувате за позицијата извршен директор на тој начин, тогаш воопшто не треба да се впуштете во тоа“.

 

„Мојот татко беше одличен човек. Од него научив дека секогаш треба да ја гледате добрата намера. Се што некој вели или прави, секогаш тргнувајте од неговата добра намера“

 

„Јас сум многу искрена – брутално искрена. Секогаш гледам на работите од точка на останатите но исто така и од моја гледна точка. И знам кога треба јас да попуштам“

 

„На крајот од денот не заборавајте дека вие сте личност, вие сте мајка, вие сте сопруга, и дека вие сте ќерка“

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×