Disney го купува од Мардок за 52,4 милијарди долари речиси целиот ТВ и филмски бизнис на Fox
Објавено на од во lifestyle

Филмскиот гигант The Walt Disney Company објави дека се спогодил да го купи сиот имот од гигантот од филмскиот и телевизискиот бизнис и индустријата за забава,21st Century Fox, на магнатот Руперт Мардок, за 52,4 милијарди долари.

Филмската и кабелската мрежа на 21st Century Fox ќе бидат купени од Disney, со преземање на долгот на компанијата од 13,7 милијарди долари. Меѓу имотот што ќе го придобие Disney се Marvel Studios, франшизата на Avatar и хит-серијалите како The Simpsons.

Зделката, според Reuters, е дел од намерите на Disney да се справат со зголемената конкуренција од компании како Amazon и Netflix. Преку делот на Fox во Hulu, Disney практично ќе си го обезбеди мнозинскиот пакет во платформата за видео стриминг.

Мрежите на National Geographic, FX и Star India (индиската компанија со 58 канали и 650 милиони гледачи во државата), исто така ќе бидат продадени.

Кај Мардок ќе остане контролата врз каналот Fox News, чии позиции се блиски до оние на републиканците во САД, како и врз Fox Sports.

Според зделката, 86-годишниот Мардок и неговото семејство ќе добијат удел од 4,25% во Disney, заедно со имоти како најголемиот платен телевизиски канал во Велика Британија, и неколку кабелски канали.

Зделката нема да влијае на понудата на 21st Century Fox за придобивање на уште 61% од британската Sky News, со што ќе добие целосна контрола врз неа (за зделката сѐ уште не се изјасниле британските регулатори). Истовремено, Мардок на Disney го продава сегашниот свој удел од 39% во телевизијата.

Мандатот на шефот на Disney, Боб Ајгер, ќе продолжи до крајот на 2021 година, согласно зделката, за да се олесни интеграцијата на бизнисот на Fox.

Со ова се става крај на над половина-вековната медиумска експанзија на Мардок и неговото семејство. Тој, како наследник на возраст од 21 година на еден весник од татко му, последниве декади создаде една од најголемите медиумски империи, која не еднаш беше во центарот на меѓународни скандали.

Претстои зделката да ја одобрат регулаторите во САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×