Дневни аваз: ЕУ подготвува најмалку две милијарди евра дополнителна помош за Западен Балкан
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската унија подготвува најмалку две милијарди евра дополнителна помош за подрачјето на Западен Балкан, пишува денеска сараевски Дневни аваз.

Повикувајќи се на извори блиски до Европската инвестициска банка, Аваз пишува дека по состанокот на Советот на министри на ЕУ и на Европскиот совет, каде посебно станало збор за ситуацијата на Балканот, детално се разговарало и со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, и со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Соговорниците на Аваз велат дека им било кажано оти ЕУ ќе мора да вложи дополнителни средства за стабилизација и за подобрување на состојбата на Балканот.

Извор на Аваз кој инсистирал на анонимност, рекол дека се работи за иницијатива на Германија, која сака Унијата силно да се ангажира во Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора.

Прецизирал дека на состаноците со функционерите на ЕУ, заедно со претставници на други европски финансиски институции, се разговарало за износ од барем две милијарди евра.

„Во тек на еден од низата разговори што ги имавме на почетокот на пролетта, ни беше сугерирано дека можеме да размислиме за опцијата забавување или запирање на некои од проектите што се реализираат во Турција, со оглед на сѐ позатегнатите односи меѓу Анкара и Брисел“, вели соговорникот на Аваз.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×