До 2020 година најголем дел од компаниите ќе работат со хонорарци
Објавено на од во Компании

business-predictionsИднината на бизнисот е веќе овде. Сите живееме во промени. И самата дефиниција, за што е тоа успех, е променета, како и начинот на кој доаѓаме до него. Според основачите и директорите на стартапот „Workboard” во 2016 година ќе се забрзаат промените низ седум области кои влијаат на тоа како работиме, иновираме и го водиме нашиот бизнис.

Транспарентноста е во мода

„Новите генерации ќе сакаат да ги делат своите гледишта со другите“, смета Деидреи Пакнад од”Workboard”. Постои генерациско  поместување од долгорочно планирање кариера. Курсот на работење се менува додека, работниот процес е се уште во тек.

Поминаа деновите на 12 месечно планирање. Како што кажува Пакнад, во новата година ќе продолжи трендот кон автентичен пристап кој ги засилува перформансите во реално време, место правење проценки за долгорочни цели. Повратните информации кои сега може да се добијат брзо, а кои се засноваат на влијание и цел, ќе го заменат работењето на долг рок.

Брзината (VQ – од Velocity) е новиот IQ

Натпреварувачката област за клиенти ќе бара и квалитет и брзина на пазарот. Тимовите сега имаат обврска да учат и работат со иста брзина како и што воведуваат иновации. „Тимовите кои работат забавено ќе ги изгубат пазарите и врвните таленти. Постигнување на висок VQ ќе мора да биде дел од културниот начин на размислување“, тврди Пакнад и додава дека во светот на старапи, иновацијата се случува на секои 48 часа.

Чување на големи податоци

Пазарот на технологии поминува доста време и троши многу пари на третманот на такнаречената Big Data, масивни бази на податоци, во текот на минатите години. Компанијата Watson веќе го трасираше патот на синтеза на неверојатна количина на податоци за вредност, информации и активно знаење.

Повеќе со помош на помалку

Пакнад смета дека наскоро ќе има многу повеќе мали бизниси на пазарот. „Тренд е да се биде се повеќе натпреварувачки настроен со помалку пари и помалку луѓе“, вели Пакнад.

Што ќе биде прекинато?

Немојте да мислите дека трендот „да работите повеќе со помалку“ ќе се промени во 2016. Правите промени, кои влијаат на индустријата во целост, ќе продолжат и во наредната година. „ Ако индустријата е неефикасна или нема јасна претстава за вредноста на купувачите, таа ќе биде прекината“, смета Пакнад. Што индустријата може да очекува следно? Истражувањето покажува дека до 2020 година се поголем ќе биде бројот на компании кои ќе се потпираат на хонорарци.

Влијание, а не титула или назив

Бизнис опкружувањето ќе биде поставено така што повеќе ќе се вреднува влијанието отколку „титулите“. Ова особено се однесува на младите бизнис лидери. Организациите се динамични. Ќе биде потребно креирање на права култура и структура за постигнување агилност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×