До 2020 година роботите ќе ја преземат работата на даночниците, градежниците, добавувачите…
Објавено на од во hi-tech & business

До 2020 година роботите ќе ја презематработата на даночниците, градежниците, добавувачите…

Роботите ќе почнат масовно да ја заменуваат човечката работна сила до 2020 година и тое многу порано отколку што се се очекуваше, се наведува во извештајот на Корејската информативна служба (KEIS).

Roboti 1Напредокот во развојот на роботиката и компјутерите во последните години упатува на тоа дека роботите насокоро би можеле да стана доволно “паметни” за извршување на многу работи.
Роботите веќе сега добиваат се поголемо место вомногу фабрики, а напредокот на технологијата упатува на тоа дека вештачката интелегенција би можела да завземе стотина различни работни позиции.

 

 

Најзагрозени се работните места на кои се повторуваат рутински задачи, па на врвот во овој Извештај се сместени следниве занимања:

-градежен работник
-месар
-обезбедување
-доставувач
-чистач
-фабрички работник
-даночен администратор
-ѓубреџија
Засега не се загрозени работни места на кои е потребно повисооко ниво на креативност, како уметник, фотограф, писател, композитор, музичар, визажиста, моден дизајнер, пејач, глумец…
Иако роботизацијата би можела привремено да го потресе пазарот на работна сила, експертите сметаат дека овој тренд долгорочно ќе има позитивни ефекти, бидејќи ќе ги заштити луѓето од тешките физички работи, додека донесувањето на одлуки и понатаму ќе остане работна задача за луѓето.

“Тоа е корисно за луѓето, бидејќи можеме да ги избегнеме тешките физички работи и да се сконцентрираме на она што е поважно – донесување на одлуки”, вели Парк Ка Јеул, истражувач на Keis.

Според претходно објавените проценки на Светскиот форум роботизацијата и воведувањето на вештачката интелигенција која ќе ја замени работната сила би можела да резултира со губење на повеќе од пет милиони работни места.

Според нивните проценки, два милиони работни места ќе бидат отворени, додека 7,1 милион работни места ќе станат непотребни.

Тоа ќе доведе до големи промени на пазарот на работна сила, па дури 65% од сегашните основношколци ќе работат на работни места кои денес не постојат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×