До 2020 повеќе луѓе ќе имаат мобилни телефони одошто струја дома
Објавено на од во Економија

Технолошката компанија Cisco предвидува дека за 4-5 години 5,4 милијарди луѓе ќе имаат мобилен телефон, додека 5,3 милијарди ќе имаат приклучок за струја

Luge na mobilen

Американскиот производител на телекомуникациска опрема Cisco во својот годишен извештај за растот на прометот во мобилната телефонија прогнозира дека до 2020 година повеќе луѓе ширум светот ќе имаат мобилен телефон одошто пристап до електрична енергија.

Cisco вели дека 5,4 милијарди луѓе до 2020 ќе имаат мобилен телефон, додека 5,3 милијарди ќе имаат приклучок за струја, 3,5 милијарди питка вода, а 2,8 милијарди автомобили ќе се движат по патиштата.

Cisco исто така предвидува десет пати поголем податочен промет преку мобилните уреди до 2020 година, на 366,8 егзабајти, од што, 81% ќе биде преку мобилен телефон. Останатите мобилни уреди, како и комуникацијата помеѓу машините (Internet of things) ќе го поттикнат овој раст на прометот. Исто така се наведува дека до 2020 година просечната брзина на пристапот преку мобилните мрежи ќе биде 6,5 мегабити во секунда.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×