До 2025 година, роботите ќе извршуваат повеќе работи отколку луѓето
Објавено на од во hi-tech & business

robotiНајдоцна до 2025 година роботите ќе извршуваат 52 % од постоечките работи, што е речиси двојно повeќе од денеска, покажува истражувањето на Светскиот економски форум (СЕФ).
Роботите брзо ќе ги заменат луѓето во сметководството, управувањето со клиентите и во индустрискиот, поштенскиот сектор и секретарскиот персонал. Паралелно би требало да се зголеми побарувачката за работни места кои бараат “човечки вештини”, како што се продажбата, маркетингот и односите со клиентите, како и електронската трговија и социјалните медиуми.

 

Најдоцна до 2025 година роботите ќе извршуваат 52 % од постоечките работи, што е речиси двојно повисоко од денеска, покажува истражувањето на Светскиот економски форум (СЕФ).

Истражувањето е засновано на анкета во која учествувале директори на оддели за човечки ресурси и други високо рангирани челници на многу компании од целиот свет, со учество од 70% од глобалниот БДП.

Според нивните проценки, “до 2025 година, машините ќе извршуваат повеќе од половина од постојните задачи на работното место, а денес извршуваат 29 %”.

Во неодамна објавеното истражување на Светскиот економски форум под наслов “Иднината на работните места 2018″, се проценува дека во исто време луѓето би можеле да добијат “нови улоги”, кои ќе бараат од нив да се преквалификуваат за да држат чекор со “сеизмичките промени” во работењето со машини и компјутерски програми .

“Брзите промени кај машините и алгоритмите, процесите за решавање на проблемите со помош на компјутер “, би можеле да создадат 133 милиони нови улоги кои ќе заменат 75 милиони навидум затворени работни места во периодот од денес до 2022 година”, се наведува во Извештајот.

Авторите на Извештајот предвидуваат дека роботите брзо ќе ги заменат луѓето во сметководството, управувањето со клиентите и во индустрискиот, поштенскиот сектор и секретарскиот персонал. Паралелно би требало да се зголеми побарувачката за работни места кои бараат “човечки вештини”, како што се продажбата, маркетингот и односите со клиентите, како и електронската трговија и социјалните медиуми.

Во Извештајот се наведува дека големиот предизвик ќе биде преквалификација на работниците, кои ќе бидат под притисок да усвојат нови вештини, особено во областа на “креативност, критичко размислување и убедување”.

Авторите истакнуваат дека до 2022 година ќе има особено силна потреба за преквалификација на работниците во авиокомпаниите, секторот на патување и туризмот, и го нагласуваат општиот тренд на континуирано учење и адаптација.

Во извештајот на Светскиот економски форум на владите им се советува да подготват програми за поддршка на работниците и заедниците, загрозени од “значајни промени” во квалитетот и одржливоста на новите работни места.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×