До 2030 година, емиграцијата ќе намали 9% од растот на БДП на Источна Европа
Објавено на од во Економија

Емиграцијата влијае на помалку развиените земји затоа што го намалува социјалниот капитал и развојниот капацитет, велат економските експерти.

иселенициУкраина во моментов е главниот извозник на работници кои бараат подобар живот во европските земји.

Официјалните податоци покажуваат дека седум проценти од работната сила ја напуштила земјата. Одливот, како по правило, кај помладите и пообразованите работници ќе се зголеми, според Меѓународната организација за миграција, додека пак 12% од Украинците тврдат дека нашле работа во странство или планираат да го сторат тоа наскоро.

Долгорочната слика е исто така загрижувачка. Обединетите нации проценуваат дека до 2050 година населението на Украина ќе се намали од сегашните 44,2 милиони на 36,4 милиони. Полска е водечка дестинација за украинските работници. Работата во соседна земја има очигледни предности: додека просечната плата во Украина е 7100 гривни (265 $), во Полска достигнува 3500 злоти (1046 $).

Студијата од јули 2016 година од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) посочува дека скоро 20 милиони луѓе, или 5,5% од населението, ги напуштиле земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE) во изминатиот четврт век.

Југоисточна Европа го доживеа најголемиот одлив бидејќи населението се намали за 16% во однос на бројките од раните 90-ти. Од 10 емигранти од регионот ЦЕСЕЕ, осуммина заминале во западноевропските земји, особено Германија, Австрија и Италија.

Бројките на Европската комисија покажуваат дека помеѓу 2006 и 2016 година, помеѓу шест и девет проценти од дипломираните студенти на универзитетите ја напуштиле Латвија, Литванија, Полска, Романија и Словачка.

Сепак, Лука Бркиќ, професор по меѓународни економски односи на Факултетот за политички науки во Загреб, смета дека мотивите за иселување од земјите од источна Европа не се чисто економски. „Мотивот за заминување е исто така безбедност, пред сè во оние законски регулирани земји и социјално осигурани“, истакнува Бркиќ.

„Секако, ова влијае на помалку развиените земји затоа што заминувањето на високо квалификувана работна сила го намалува квалитетот на социјалниот капитал и развојниот капацитет“, додаде Бркиќ.

Сепак, теоријата за интеграција одамна докажа дека при поврзување на две земји со различно ниво на развој и стандарди, квалификуваната работна сила се движи од помалку развиена земја во поразвиена земја, истакнува Бркиќ.

ММФ проценува дека, во просек, емиграцијата го намали реалниот економски раст на земјите од Источна Европа за седум процентни поени. Доколку се продолжи сегашниот тренд, до 2030 година, емиграцијата ќе намали девет процентни поени на растот на БДП.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×