12 август, 2026
3 mins read

Добредојдовте на почетокот на ерата на RWA (Real World Assets) Дигиталното злато и токенизираниот имот:
Како да поседуваш физички ствари преку крипто?

Долго време криптовалутите беа критикувани и напаѓани дека се имагинација на ИТ секторот и дека немаат ништо зад себе како економска вредност за поддршка. Најголемите скептици на таа основа го предвидуваа пропаѓањето на Биткоинот и на другите крипто валути. Сепак, ете веќе 15-16 години цените на валутите растат вртоглаво.

KAPITAL FINANCE & CRYPTOOL

Долго време криптовалутите беа критикувани и напаѓани дека се имагинација на ИТ секторот и дека немаат ништо зад себе како економска вредност за поддршка. Најголемите скептици на таа основа го предвидуваа пропаѓањето на Биткоинот и на другите крипто валути. Сепак, ете веќе 15-16 години цените на валутите растат вртоглаво.

Денес и приказната за неконвертибилноста на крипто валутите заврши. Кон крајот на 2025  година, сликата  сосема се промени. Денес можете да купите крипто токен кој е директно врзан за вистинска прачка злато во сеф во Лондон или за квадратен метар стан во Дубаи.

Ова се нарекува RWA (Real World Assets) – технологија која ги претвора физичките вредности во дигитални токени.

Крипто врзано со Злато (Tokenized Gold)

Ако сакате да штедите во злато, повеќе не мора да купувате физички монети или стари дукати, и  да мислите каде да ги сокриете: под перница или закопани во дворот.

На пазарот се појавија нови „прачки„, „титовки“ и „дукати„. Тоа се PAX Gold (PAXG) и Tether Gold (XAUT). Двете се целосно ревидирани и гарантираат дека секој токен има своја физичка златна прачка во трезор.

ПРВО: Штое тоа – PAX Gold (PAXG): Регулиран стандард

PAX Gold е лансиран во септември 2019 година од страна на Paxos Trust Company, финансиска институција со седиште во Њујорк. Paxos е познат по тоа што е првата компанија која доби дозвола од Департманот за финансиски услуги на државата Њујорк (NYDFS) за издавање на крипто-средства врзани за злато.

Како функционира и каде се чува?

Секој PAXG токен е поддржан од една унца (31,1 грам) чисто злато од London Good Delivery . Она што го прави PAXG специфичен е тоа што златото е алоцирано – тоа значи дека секој токен е директно поврзан со конкретна, идентификувана златна прачка со сериски број.

Локација: Златото се чува во високобезбедни сефови на Brink’s во Лондон.

Транспарентност: Корисниците можат да го внесат својот Ethereum паричник на веб-страницата на Paxos и да го видат серискиот број и спецификите на златната прачка што ја поседуваат.

PAXG е претпочитан избор за институционални инвеститори поради строгата регулација.

Пазарна вредност: Околу 2,31 милијарди долари.

Количина на злато: Издадени се приближно 486.000 токени (PAXG), што одговара на исто толку унци чисто злато чувано во Лондон.

ВТОРО: Tether Gold (XAUt): Ликвидност и моќ

Tether Gold беше претставен во јануари 2020 година од страна на TG Commodities Limited, подружница на Tether, компанијата која стои зад најголемиот stablecoin во светот (USDT). Како дел од iFinex екосистемот (поврзан со берзата Bitfinex), XAUt брзо се позиционираше како лидер во ликвидноста.

Како функционира и каде се чува?

Слично на PAXG, еден XAUt токен претставува една унца златна прачка од  London Good Delivery. И тука сопствениците имаат право на сопственост врз специфични прачки преку дигиталните токени.

Локација: Златото за XAUt се чува во „најбезбедните сефови во светот“ лоцирани во Швајцарија.

Транспарентност: Иако Tether овозможува проверка на златните резерви преку нивниот систем, тие често се предмет на дискусија поради помалку строгите јавни ревизии во споредба со Paxos, потпирајќи се повеќе на проверки т.е. верификации на самото злато

Во моментов, Tether Gold е лидер на пазарот според пазарната капитализација.

Пазарна вредност: Околу 2,66 милијарди долари.

Количина на злато: Издадени се приближно 560.000 токени (XAUt), што значи дека Tether чува над 17,4 тони физичко злато во своите сефови во Швајцарија.

Предности на дигиталното наспроти конвенционалното (физичко) злато

Инвестирањето во PAXG или XAUt нуди неколку клучни предности во однос на купувањето златни монети или плочки:

Фракционална сопственост: Не мора да купите цела унца злато (која чини илјадници долари). Можете да купите злато во вредност од само 5 или 10 долари.

Без трошоци за чување и осигурување: Кај физичкото злато, мора да плаќате сеф во банка или да ризикувате чувајќи го дома. Кај дигиталното злато, овие трошоци се покриени од издавачот, или се минимални преку мрежните трансакции.

Инстант ликвидност: Физичкото злато бара време за транспорт и проверка на чистотата при продажба. PAXG и XAUt се тргуваат 24/7 на глобалните берзи и можат да се претворат во кеш или друга криптовалута за неколку секунди.

Преносливост: Можете да пренесете злато вредно милиони долари на друг крај на светот за неколку минути, користејќи само вашиот приватен клуч.

Во текот на 2025 и почетокот на 2026 година, пазарот на дигитално злато се зголеми за речиси четири пати а главните причини се:

Цената на златото: Тековната цена на златото на светските берзи се движи околу 4.750 долари за унца, што директно ја зголемува вредноста на овие токени.

Институционално усвојување: Сè повеќе инвестициски фондови ги користат PAXG и XAUt како „hedge“ (заштита) од инфлација наместо физички прачки, поради полесното управување.

Достапност: Овие средства се достапни на сите големи берзи (Binance, Kraken, Bitfinex), што ги прави исклучително достапни за малите инвеститори.

Интересен факт: Иако Tether Gold има поголема вкупна вредност, PAX Gold има почести независни ревизии, што го прави малку „потранспарентен“ во очите на регулаторите, додека XAUt доминира во секторот на децентрализирани финансии (DeFi) поради поголемата ликвидност.

Заклучок: Ако барате максимална регулаторна сигурност и детални ревизии, PAXG е фаворитот. Ако пак ви е важна ликвидноста и преферирате швајцарско чување на резервите, XAUt е почестиот избор на трејдерите.

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ