Доделени “оскарите“  за компаниска општествена одговорност
Објавено на од во Компании

Макстил, Адора иженеринг, Комерцијална банка, Фени… меѓу наградените компании во повеќе категории

Триесет и четири компании – 24 големи и 10 мали и средни –  со вкупно 50 проекти конкурирале годинава за Националната награда за најдобра општествено одговорна практика во 2014 година, што ја доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија.
На “Оскарите за општествена одговорност“, како што го  нарече претседателот на Координативното тело Александар Николов денешниот настан,  веќе осма година по ред, беа доделени наградите во неколку категории, а најголем број апликации стигнале за наградата во категоријата “Вложување во заедницата“, вкупно 21. Најголем дел, дури 91% од поднесените апликации се од компании со седиште во Скопје. Годинава за првпат е воведена награда за најинвентивна општествено одговорна практика, и ја доби Комерцијална банка за проектот “За исти права и можности“.

Во категоријата “Етичко управување“, од редот на големите компании наградени се Макстил, за проектот  “Сертифицирање за општествена одговорност, SA 8000“, и ЕВН Македонија за проектот “Идеја менаџмент во ЕВН“. Од малите и средни фирми, наградата ја зеде Раде Кончар ТЕП.

Макстил доби и плакета во категоријата “Однос кон животната средина“, за својот проект “Инвестиција во филтри“, каде што  пак, статуетката ја однесе Цементарница Усје, исто така за проектот инвестиција во намалување на штетните емисии во воздухот. Од малите и средни компании, наградата во оваа категорија ја доби Пакомак, за проектот “3Д интерактивна обука за ученици и наставен кадар“.

Во категоријата “Однос кон вработените“, две големи компании добија награда, Витаминка за проектот “ДНК на компанијата“ и Градежниот институт – Скопје за проектот “Среќни вработени, успешна организација“. Во категоријата мали и средни фирми, немаше главна награда, а плакети добија Халк банка, Некстсенс и Гемак трејд.

За општествено одговорен однос на пазарот како најдобра практика е одбрана онаа на Комерцијална банка, а во категоријата “Вложување во заедницата“, од големите компании за најдобра е прогласена Даути комерц, за активностите на нејзината “Фондација Даути“. Кај малите и средни компании во оваа категорија наградена е “Нова меѓународни училишта“ за проектот “Thinking humanity”. Во оваа категорија заради најголемиот број апликации и квалитетни проекти  како што истакнаа организаторите, доделени се шест плакети- на Комерцијална банка, Фени, Окта, Филип втори, Стопанска банка – Скопје. Во делот на малите и средни фирми плакети добија Адора инженеринг и Тинекс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×