Договор Трамп-Јункер: Избегната е трговска војна
Објавено на од во Економија

trump-junckerАмериканскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер по вчерашната средба со Вашингтон се согласија да ги смират тензиите во трговијата и да отпочнат преговори за отстранување на царинските и други бариери за трговијата помеѓу САД и ЕУ.

“Ова е многу голем ден за слободната и фер трговија, навистина голем ден”, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа по средбата со претседателот на Европската комисија. “Веднаш ги започнуваме преговорите, но знаеме во кој правец одат”, рече Трамп.

Трамп изјави дека тие се согласиле во разговорите да работат заедно во насока на отстранување на царинските, нетарифните трговски бариери и субвенции за индустриски производи, со исклучок на автомобилската индустрија.

“Исто така ќе работиме на намалување на бариерите и зголемување на трговијата со услуги, хемиски, фармацевтски, медицински производи и соја”, изјави Трамп, додавајќи дека Европа исто така ќе го зголеми купувањето на течен природен гас (ЛНГ) од САД. “Тие ќе бидат голем купувачи на ЛНГ”, потврди Трамп.
Трамп рече дека разговорите ќе ги “решат” и високите царини што САД ги воведе за челик и алуминиум од ЕУ и царините на американските производи што Европа ги воведе како одговор кон САД.

Се уште не е познато дали двете страни постигнале напредок во врска со спорното прашање за можните американски царински давачки за увоз на автомобили од Европа, но Јункер изјави дека тие се согласиле да не се воведуваат нови царински давачки за време на преговорите.
“Тоа беше добар и конструктивен состанок”, рече Јункер.

Трамп претходно се закани дека ќе воведе 25% царина за увоз на европски автомобили во САД, кои би ги погодиле европските производители како што се БМВ и Фолксваген, како и јапонските и јужнокорејските автомобилски компании.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×