Договорена заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Албанија и Македонија немаат отворени прашања и сакаат уште подобра соработка како единствен сигурен пат кон евроатланските интеграции, истакнаа министрите за надворешни работи на двете земји, Дитмир Бушати и Никола Димитров, по денешната средба во Тирана.

Двајцата министри најавија одржување заедничка седница на двете влади наесен годинава во Поградец на која ќе се разговара за заеднички проекти.

Албанија и Македонија, како што беше посочено, имаат потенцијал преку меѓусебната соработка, модернизација на инфраструктурата и други проекти, да придонесат и за развој на регионот.

Шефот на албанската дипломатија, Бушати, нагласи дека Тирана сака добри односи со Скопје.

„Во минатото имаше некои заблуди во врска со нашите ставови. Македонија е важен сосед за нас и демократската стабилност, меѓуетничката хармонија особено меѓу македонската и албанската заедница е од исклучително значење и за Македонија и за Албанија, но исто така и за стабилноста на целиот регион и неговата европерспектива“, рече Бушати.

Тој го поздрави, како што наведе, амбициозниот план за реформи на македонската Влада, 3-6-9, кој има за цел натамошна демократизација на Македонија и забрзување на реформите потребни за интеграција во НАТО и ЕУ. Македонија може да смета на поддршката од Албанија за членство во НАТО, истакна Бушати.

„Албанија не сака и нема да биде пречка за која било земја во нејзините евроатлански аспирации. Тирана е многу заинтересирана за стабилност на Македонија и регионот“, додаде шефот на албанската дипломатија.

Македонскиот министер за надворешни работи, Димитров, рече дека со Бушати се согласиле да направат повеќе од само политички изјави, и да се интензивира соработката на конкретни проекти.

Никола Димитров, денеска во Тирана ќе има средби и со албанскиот премиер Еди Рама и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×