Договорено е претседателот на Комисијата за избори и именувања да биде од ВМРО-ДПМНЕ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ, договорено е на денешната координација во Собранието.

Официјално ќе се знае кој ќе биде претседател на Комисијата ќе се знае по 15 часот кога треба да продолжи координацијата, а според партиски избори тоа најверојатно ќе биде Илија Димовски.

Како што изјави пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ, парламентарното мнозинство „и покрај неразумното барање“ прифатило претседателот на Комисијата да биде од ВМРО-ДПМНЕ, за да почнат демократските процеси и државата и граѓаните да не бидат заложници.

Според претходно договореното на координацијата, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА по еден.

Утврдувањето на предлогот за состав на оваа Комисија е услов за продолжување на конститутивната седница на Собранието. Според партиски извори продолжувањето на оваа седница на која ќе се избере претседател на Собранието е закажано за понеделник.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×