Договорот од Пржино: Што е исполнето и во која фаза е купот оставен на стенд бај?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
gzh
Договорот од Пржино беше потпишан на 15 јули. Со истиот се прецизираа неколку работи кои четирите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како потписници на Договорот треба да ги исполнат во одреден рок, за да обезбедат спроведување на фер и демократски избори закажани за 24 април 2016 година.

Капитал прави пресек, непосредно пред Нова Година и неполни четири месеци пред изборите, за досега исполнетите точки од Договорот и она што останува да биде договорено и имплементирано.

Еве што предвидува Договорот, а што до сега е исполнето:

  1. На 1 Септември 2015, СДСМ ќе се врати во парламентот. Како што беше договорено, на први септември пратениците од опозицијата се вратија во Собранието.
  2. До 15 септември 2015 година, ќе има нов, специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата околу разговорите кои произлегуваат од следењето на комуникациите.

kjКатица Јанева во последната минута од одредениот рок беше решението кое го договорија четирите партии. Иако според договорот, Јанева требаше да го избере самостојно својот тим, Советот за јавни обвинители во неколку наврати, не и го одобруваше тимот од 14 обвинители кои ги избра новата специјална обвинителка. Првично Советот и одобри само седум членови од 14-те предложени, а неколку недели подоцна и беа одобрени уште пет, па сега таа работи со тим од 12 обвинители. Во меѓувреме Јанева побара, по итна постапка да и биде донесен Законот за јавно обвинителска служба, меѓутоа истиот се уште не е донесен.

  1. На 20 октомври 2015 година, нов министер за внатрешни работи ќе биде именуван по предлог на СДСМ и во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Овој министер ќе биде технички поставен.

Оливер Спасовски беше решението кое го даде СДСМ. Спасовски нешто повеќе од месец дена ја извршува функцијата министер за внатрешни работи, но неговото поставување не беше утврдено во дадениот рок. Спасовски беше избран две недели по истекувањето на рокот, односно на 5 ноември. При изборот на новите министри од редовите на СДСМ, копјата се кршеа најмногу околу надлежностите кои ќе ги имаат новите министри.

  1.  На 20 октомври 2015 година, ќе биде назначен нов министер за труд и социјална политика по предлог на СДСМ.

Исто како и со изборот на министерот за внатрешни работи, поради истите причини доцнеше и изборот на министер за труд и социјална политика. На 5 ноември, по неколку кратко поместување на роковите, Фросина Ременски е избрана на позицијата министер за труд и социјална политика.

sdsm ministri

  1. На 20 октомври 2015 година, нови, дополнителни замениците – министри ќе бидат назначени за следните министерства:

a. Министерството за внатрешни работи, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ

б. Министерството за труд и социјална политика, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ

в. Министерството за финансии, на предлог од СДСМ

г. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предлог на СДСМ

д. Министерството за информатичко општество и администрација, по предлог на СДСМ

По тешките и напорни преговори, партиите постигнаа консензус на 5 ноември, потворно по две недели доцнење, следниве функционери да ги заземат овие позиции: за заменик министер за внатрешни работи беше поставен дотогашниот министер Митко Чавков, за труд и социјална политика исто така дотогашниот министер Диме Спасов, заменик министер за финансии Кире Наумов, за земјоделство Љупчо Николовски и за администрација и информатичко општество Александар Кирацовски.

  1.  Актуелната Влада ќе ја поднесе својата официјална оставка до Собранието во догледно време да овозможи, новата влада да биде инаугурирана на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори кои ќе се одржат на 24 април 2016 година. На чело на новата влада ќе биде новиот премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Новата влада ќе има мандат до  предвремените парламентарни избори.

Иако рокот за оваа точка не е пробиен, со оглед на пробиените рокови и се уште не целосно комплетираната ДИК, се уште е неизвесно дали ќе има одложување на изборите, а со тоа и одложување на оставката на актуелниот премиер Никола Груевски. Во меѓувреме се погласни се изјавите кои доаѓаат од редовите на СДСМ, дека потребно е одложување на изборите, оти како што тврдат тие, нема доволно време да се создадат сите услови што ги предвидува Договорот за организирање на фер и демократски избори.

Иако не стоеше во Договорот од Пржино, во текот на разговорите, партиите добија и задача да го одредат новиот состав на Државната изборна комисија, и да се направат неколку кадровски промени во јавниот сервис МРТВ , Управата за јавни приходи, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и  Државната комисија за спречување на корупцијата.

Составот на  новата Државната изборна комисија по тешки и мачни преговори беше утврдено да го сочинуваат по тројца членови од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден ДУИ и ДПА  и тројца членови да бидат избрани од експертската јавност.

Минатиот месец беше избран и новиот директор на УЈП. На досегашното место кое во неколку мандати го имаше директорот Горан Трајковски, седна Кирил Миновски кој доаѓа од директорската фотелја во Државниот пазарен инспекторат.

Директорот на јавниот сервис МРТВ се уште доцни. Доцни и новиот директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и  Државната комисија за спречување на корупцијата.

 

HahnПоради пробивањето на роковите и се посилните несогласувања околу партиите во однос на спроведување на точките од Договорот, својата загриженост веќе ја изрази и еврокомесарот Јоханес Хан кој најави дека во текот на јануари ќе допатува во Скопје.

Само за потсетување, во октомври, Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјата кон ЕУ даде условена препорака за преговори, која зависи најмногу од спроведувањето на изборите закажани за април. Доколку Македонија не успее да го исполни договорот во целост дотогаш, многу веројатно е Македонија да ја изгуби препораката за отворање преговори.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×