Дојче банк заплени 20 тони злато во сопственост на Венецуела
Објавено на од во Економија
Венецуела во мај продаде 15 тони злато во вредност од 570 милиони долари од резервите на централната банка и на тој начин ги спушти резервите на најниско ниво за последните 29 години.
Gold barsТие сега вредат 7,9 милијарди долари. Дојче банк заплени 20 тони злато во сопственост на Венецуела и го користи како хипотека откако Каракас не го исполни билатералниот договор за замена на злато во вредност од 750 милиони долари, наведува Блумберг.
Венецуела доби готовински кредит од Дојче банк во согласност со финансискиот договор од 2016 година, кој треба да заврши до 2021 година.
Банката одлучи да го раскине договорот кога Венецуела претходно оваа година не успеа да ги плати долговите на компанијата.
Ова се случи кога лидерот на опозицијата Хуан Гваидо покажа подготвеност да преговара за условите со Дојче банк, да им даде депозит од 120 милиони долари што нема да може да го преземе официјалниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×