Дојче Веле: Новиот еврокомесар за проширување – триумф на Орбан врз ЕУ
Објавено на од во Политика
Германското радио Дојче Веле денеска оцени дека изборот на поранешниот унгарски министер за правда Ласло Трошањи за нов еврокомесар за проширување е дипломатски триумф на унгарскиот премиер Виктор Орбан, бидејќи Трошањи важи за „ неограничено лојален човек на Орбан“.
eu-commissionПоследниот унгарски еврокомесар Тибор Наврачич внимателно се дистанцираше од либерализмот на Орбан нагласувајќи дека, пред се, тој има обврски кон институциите на ЕУ, заради што, нагласува германскиот сервис, Орбан овој пат одеше на сигурно и го номинираше Трошањи.
Унгарија, како што се наведува, воедно добила и една од многу важните функции – за проширување и соседска политика во ЕУ, што за Орбан е „еден од најголемите дипломатски успеси во изминатите неколку години и триумф над ЕУ“, бидејќи Унгарија се соочува со постапка по членот 7 за почитување на принципот на правна држава во ЕУ.
Иако Трошањи не спаѓа во јастребите на системот на Орбан и секогаш е трезвен во аргументацијата, нема место за сомневање за неговите позиици, пишува Дојче Веле и додава дека во заднината на сето ова се раѓа прашањето колку Трошањи ќе му биде лојален на Брисел.
Унгарската Влада , како што наведува DW, од новото бриселско водство очекува да го запре доселувањето и да ја брани Европа сочинета од држави и од христијанска култура. Сепак, се оценува, дека за Орбан оваа функција ќе има дополнително значење бидејќи Унгарија одамна се залага за интеграција на државите од Западен Балкан , пред сите Србија и Црна Гора.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×