Докапитализацијата на Арцелор Митал-Скопје тројно го крена берзанскиот промет во 2014. МБИ-10 пораснал за само 6%.
Објавено на од во Економија

Најтргувани акции лани биле  на Фершпед, Комерцијална, Алкалоид, Макпетрол и Телеком, а најголем пораст на цената имале оние на Скопски пазар, Хотели Метропол, НЛБ Тутунска и Стопанска банка-Скопје

Вкупниот промет на Македонската берза лани изнесувал  141,5 милиони евра, што е за речиси три пати повеќе во однос на 2013 година, покажува годишниот извештај на Берзата. Но, тоа не значи дека било многу раздвижено во тргувањето со акции, затоа што половина од овој износ, односно 70 милиони евра отпаѓаат на јавни понуди на хартии од вредност, што се должи на втората емисија на акции на Арцелор Митал – Скопје  реализирана во октомври лани. Компанијата   го зголеми  основниот капитал за да прибере пари со цел  враќање на веќе земен кредит.

Инаку, класичното тргување на Берзата пораснало за 19%, на 41,1  милиони евра, при што на прометот со акции отпаѓаат 32,2 милиони евра, што е  пораст од 42% во однос на 2013 година.Кај обврзниците пак, има пад на прометот од 26%, и тој изнесувал 8,8 милиони евра.

Битката во Фершпед ги крена блок трансакциите на 25 милиони евра

Берзанскиот индекс МБИ-10 лани пораснал за 6%, на 1.844 поени, а индексот на обврзници ОМБ за минимални 1,63%.

Речиси двојно или 91% пораснал прометот преку блок трансакциите  во 2014 година, и тоа на 25,5 милиони евра. Тука доминираше прометот со акциите на Фершпед, со промет од 11,7 милиони евра, додека вкупниот промет со оваа акција беше 11,9 милиони евра, што значи само за 200 илјади евра се свртеле во класично тргување. Ова  се должи пред с$ на превирањата што се случуваа во компанијата, односно битката помеѓу најголемите акционери за  стекнување контрола во компанијата која што  почна уште во декември 2013 година. Тогаш цената на акцијата скокна до речиси 180 илјади денари, за да просечната цена лани изнесуваше околу 66 илјади денари.

Пет акции направиле 95% од прометот

Втора според прометот лани била акцијата на Комерцијална банка, со 10,3 милиони евра, пред Алкалоид со 6,9, Макпетрол со три и Македонски телеком со два милиони евра промет со акциите. Петте најтргувани акции лани сочинувале безмалку 95% од вкупниот промет со акции, вклучувајќи ги и блок трансакциите.

Најголем пораст на вредноста лани имале акциите на Скопски пазар, од 161%, Хотели Метропол од 153%, Агро Куманово од 143%, НЛБ Тутунска банка од 130% и Стопанска банка Скопје од 121,4%. Најголем пад во вредноста забележале акциите на Жито Караорман (-82,9%), Јака 80 (-76%), Фершпед (-68,4%), Триглав Осигурување (-55%) и МЗТ Пумпи (-44%).

Покрај онаа на Скопски пазар, од најликвидните акции што се во индексот МБИ-10, најголем пораст имаат оние на Гранит (65%), Реплек (21,3%), Македонија турист (16,4%) и Алкалоид (13,1%). Покрај Фершпед, најголем пад меѓу овие акции имаат на Македонски телеком, од 25% и Макпетрол од 12,6%.

One thought on “Докапитализацијата на Арцелор Митал-Скопје тројно го крена берзанскиот промет во 2014. МБИ-10 пораснал за само 6%.

  1. Никаква пазарна логика во движењето на акциите, за жал. Затоа "обичните луѓе" немаат мотив да тргуваат. Тешко на брокерите и берзанските консултанти со ваква берза. И не само кај нас, цел Балкан го има истиот проблем. Што побрзо се случи регионално спојување, толку подобро за сите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×