Докомплетиран тимот на Јанева – наместо 14, специјалната обвинителка ќе има 12 помошници
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Советот на јавни обвинители попладнево го докомплетираше тимот на помошници на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, со избор на нови петмина, кои заедно со седуммината претходно прифатени, се вкупно дванаесет.

Денеска се прифатени Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, сите од Основното јавното обвинителство-Скопје, и Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал.

Одлуката ја соопшти претседателот на Советот на јавни обвнители Петар Аневски:

„Овојпат (Јанева) побара да бидат избрани пет јавни обвинители и со одредени дополнувања и појаснувања кои за Советот беа прифатливи и заради тоа одлучивме да ја прошириме систематизацијата за пет јавнообвинителски места“, изјави тој по седницата.

На новинарско прашање што ги премислило членовите на Советот, Аневски одговори дека не се премислиле, туку одлуката следува по повеќе средби со Јанева.
„Има писмо со објаснети детали во кои кажува дека оние лица кои учествувале во работење на одредени предмети претходно во ОЈО и, евентуално, доколку се појават конфликт на интереси, тие веднаш ќе бидат заменети со други јавни обвинители. Има наведено повеќе точки и тие за Советот беа прифатливи“, рече Аневски.

Посочи дека Јанева ќе внимава јавните обвинители да не работат на одредени предмети во кои претходно учествувале.

„Нормално е дека оној кој одлучувал по одреден предмет во Основното јавно обвинителство во Скопје дека не ќе може повторно да одлучува и тука. Во овој предлог има наведено дека ќе се сослушуваат или испитуваат многу повеќе лица од она што јас како првично сознание го имав – а тоа е дека 27 предмети формирани има во ОЈО Скопје и еден предмет во Обвинителството за организиран криминал. Наведува дека има уште повеќе предмети и дека веќе заведува нови предмети во уписникот“, рече претседателот на Советот на јавни обвинители.

Претходно, на 14 октомври 2015, Советот избра седум јавни обвинители за Специјалното обвинителство: Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.

Аневски рече дека сите 12 јавни обвинители утре во 11 часот треба да дадат свечена изјава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×