Докторската дисертација на Стивен Хокинг го урна сајтот на архивата на Кембриџ
Објавено на од во lifestyle

Докторската дисертација на теоретскиот физичар Стивен Хокинг, првпат објавена онлајн, го урна сајтот на универзитетот Кембриџ, пренесоа Би-Би-Си и Гардијан.

„Својствата на универзумите што се шират“, напишана кога Хокинг имал 24 години, во 1966 година, се појави за бесплатно симнување онлајн во 00:01 часот, на 23 октомври, и за помалку од 24 часа беше прегледана над 60 илјади пати. Непредвидениот сообраќај накратко го блокираше сајтот на дигиталната архива на Кембриџ, кој и сега потешко се подига.

„Аналогната верзија“ на дисертацијата е најбараната публикација во библиотеката на Кембриџ. Од мај 2016 година била побарана 199 пати. За споредба, за следната најбарана публикација интерес бил пројавен одвај 13 пати.

До неодамна за скенирана копија на дисертацијата се плаќало.

Но, Хокинг смета дека „секој, секаде во светот треба да има слободен пристап не само до овие истражувања, туку до истражувањата на секој голем и љубопитен ум од целиот спектар на научни дисциплини“.

Тој за Би-Би-Си изјавил дека е „извонредно колку многу луѓе веќе пројавиле интерес за дисертацијата“.

„Својства на универзумите што се шират“ е долга 134 страници, и разгледува некои од последиците на ширењето на вселената.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×