Доларот со највисока вредност од 2003 година, се очекува зголемување на каматите и инфлцијата  
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

risisng dollar chartНа светските девизни пазари вредноста на доларот кон кошничката на валути минатата недела достигна највисока вредност во последните 13 и пол години, бидејќи се очекува Федералните резерви на САД (ФЕД) да ја зголемат основната каматна стапка до крајот на годината.

Односот на еврото кон доларот минатата недела падна за 2,5%, на 1,0590 долари, а во еден момент достигна вредност од 1,0567.
Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен на 110,90 јени, што е највисоко ниво во изминатите пет и пол месеци. Во изминатите две недели доларот во однос на јенот зајакна за 7,5%, што е најголемо зголемување на вредноста од јануари 1988 година.

Доларот зајакна и кон другите валути, па неговиот индекс кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на кошничката од шест најважни светски валути, минатата недела достигна 101,48 бодови, највисоко ниво од април 2003 година.

Зајакнувањето на доларот се должи на растот на приносот на американските обврзници, со оглед дека се очекува зголемување на каматите од страна на ФЕД и зголемување на инфлацијата.

По победата на Трамп на претседателските избори, приносите на американските обврзници  силно пораснаа, бидејќи неговите најавени политики, почнувајќи од протекционизмот до воведувањето на високи царини на увозните производи, преку вложување во инфраструктура до зголемување на фискалната потрошувачка и намалување на даноците, би можеле да ја зголемат инфлацијата.

Поддршка на доларот дојде и од изјавите на претседателката на Федералните резерви, Џенет Јелен, со кои во четвртокот до Конгресот сигнализираше дела ФЕД следниот месец ќе ги зголеми каматните стапки.

“Сведочиме на пресврт во вложувањата, кои повторно се враќаат во САД. Во следната година се очекуваат даночни олеснувања, во согласност со ветувањата на Трамп, а се размислува и за тоа кои се видови на фискални поттикнувања би можеле да се очекуваат”, вели Ричард Кошинос, директор на инвестициската куќа City.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×