Доларот на највисоко ниво од 2003 година
Објавено на од во КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Dolar Euro WEBВо 2017 година доларот се изедначува со еврото !?

По победата на Доналд Трамп зелената валута е во постојан раст, поттикано од неговите ветувања дека ќе го поддржи заживувањето на американската економија преку поголеми инвестиции во инфраструктураа и помали даноци. Некои анализи велат дека растот на доларот ќе продолжи и дека е можно уште на почетокот на следната година да дојде до нивно изедначување. Капитал анализира што значи силниот долар за македонските граѓани и фирми?

 

Зелената валута ја достигна највисоката вредност во изминатите 13 години, а според проценките на аналитичарите вредноста на доларот многу скоро би можела да се изедначи со еврото.
Ова изедачување помеѓу доларот и еврото би можело да се случи уште на почетокот на следната 2017 година.
Трендот на јакнење на американската валута е особено изразен по победата на Доналд Трамп на последните претседателски избори. Очите на инвеститорите вниматено се фокусирани кон економските потези на новата админстрација на претседателот Трамп, кои можат да ја променат насоката на паричната политика.

Минатонеделното очекувано зголемување на каматите од страна на ФЕД ја зголеми вредноста на доларот во однос на другите валути, а аналитичарите предвидуваат дека вредноста на доларот ќе продолжи да расте како последица на најавите на Трамп дека ќе го поттикне заживувањето на американската економија преку поголеми инвестиции во инфраструктурата и пониски даноци.
Во последниве месеци, доларот скокна цели 9% и во моментов чини 0,96 евра. Тоа е највисоко ниво од 2003 година. Трендот смело води до предвидувања за паритет, односно кога 1 долар ќе вреди исто колку и 1 евро. Последниот пат кога тоа се случи, беше во 2002 година.

Додека некои поединци успеваат добро да заработат на валутните курсеви на валутите, најголемиот дел македонски граѓани и бизнисмени се загрижени како растот на доларот ќе се одрази врз еврото за кое што е врзан македонскиот денар.

Што значи силниот долар за Македонија?

Експерите велат дека македонските граѓани можат да бидат мирни, бидејќи фиксниот курс на денарот со еврото ги заштитува граѓаните од варирањето на вредноста на европската валута во однос на доларот и другите валути.

Номиналната вредност на штедните влогови или кредити во евра или со клаузула во евра останува иста и не зависи од промената на односите на еврото со трети валути, на пример американскиот долар и швајцарскиот франк.
Поради де факто фиксниот курс на денарот во однос на еврото, промените на вредноста на еврото во однос на другите светски валути нема никаков ефект врз имателите на девизни кредити и кредити со девизна клаузула во евра во Македонија.

Што се однесува до банкарските депозити, се проценува дека само околу 7% од вкупните штедни влогови во девизи, односно само 4% од вкупната пасива во банкарскиот сектор се во долари. Дури 90% од заштедите во странска валута се во евра и тие се безбедни во однос на падот на вредноста на еврото во однос на доларот поради фиксниот курс на денарот врзан за европската валута.

Силниот долар може да им создаде проблеми на македонските компании кои увезуваат од странство и плаќаат во долари. Од друга страна, пак, македонскиот извоз во САД и во други земји каде што стоката се продава за долари, стануваат поконкурентни на тие пазари. Доларите што ќе ги добијат извозните компании ќе вредат повеќе во денари, додека, пак, увозниците кои ќе треба да платат повеќе бидејќи ќе мора да купат долари со повеќе денари.
Растот на доларот би можел негативно да се одрази врз челичната индустрија во Македонија, бидејќи компаниите од оваа индустрија главно купуваат суровини во долари, а продаваат и извезуваат во евра. Но, од друга страна растот на доларот би можел да го нрпави извозот на доларските пазари поисплатлив во споредба со изминатите години, кога практилно бил неисплатлив.

Но, Република Македонија главно извезува во еврозоната и не се очекува значителна промена на пазарниот удел на нашите извозници. Можно е извесно зголемување на извозот доколку одредени субјекти во еврозоната проценат дека им е поисплатливо одредени стоки и услуги, кои дотогаш ги купувале од земји надвор од еврозоната или надвор од земјите чии валути се врзани за еврото, да почнат да ги купуваат од еврозоната или од оние земји чии валути се врзани за еврото. Дополнително, можно е и извесно зголемување на пазарниот удел на нашиот извоз во земјите со кои надворешнотрговската размена е во долари, поради зголемената конкурентност.

Анализирајќи ги статистичките податоци за увоз и извоз на земјата, повеќе компании ќе загубат од растот на доларот, бидејќи земјава повеќе увезува одошто извезува во долари. Меѓу 25-30% од увозот на Македонија е од Русија, САД, Бразил, Украина, Кина и уште неколку земји со кои тргуваме во долари.

Најголемиот дел од нафтените производи и гасот во Македонија се увезуваат и се плаќаат во долари, заради што се очекува тој увоз да поскапи, но тие ефекти нема да се почуствуваат во малопродажните цени заради релативно ниската цена на нафтата на светските берзи.

Кај извозот пак, најголем дел, или над 60% е насочен кон земјите од ЕУ, така што од растот на доларот во однос на еврото не се очекуваат позначајни ефекти врз економијата. Според проценките, само околу 15% од извозот во странство се наплатува во долари, главно во Русија и земјите од источниот блок.

Dolar Euro WEB 01
Зошто растот на доларот е лоша вест за светот?

Според Адам Слејтер од Оксфорд економикс до изедначување на вреднсота на доларот со еврото најверојатно ќе се дојде до крајот на следната година. Други експерти, пак, сметаат дека тоа би можело да се случи уште на почетокот на следната година.

И експертите на ING Group предвидуваат дека разидувањето во паричната политика на Европа и САД ќе доведе до паритет помеѓу еврото и доларот.

Минатата недела Федералните резерви на САД очекувано ја зголемија основната каматна стапка за 25 базични поени, на 0,75%. Зголемувањето на каматата од страна на ФЕД предизвика зголемување на вредноста на доларот во однос на другите валути. Од дното во 2011 година, врендоста на доларот денес е поголема за цели 40%. Јуанот е на најниско ниво во однос на доларот од 2008 година, индиската ваута исто така достигна рекордно дно во однос на зелената валута, а останатите азиски валути паднаа на вредности невиденио од финансиската киза во 1997- 1998 година.
На последната конференција за јавноста гувернерерот Џенет Јелен даде до знаење дека ФЕД ќе премине кон поагресивна политика во 2017 година, кога се очекува каматите да се зголемат три пати, наместо досега предвидените два пати. Промената на политиката од страна на ФЕД се должи на ветувањата на новиот американски претседател Доналд Трамп да ја поттикне економијата преку зголемување на инвестициите во инфрастриктурата и намалување на даноците.

Поенергичниот раст на најголемата економија во светот звучи како нешто на кое треба да се радуваат сите. Но, рецептот за поголем економски раст кој за го предлага Трамп, поголеми инвестиции во инфраструктура и пониски даноци, е веќе виден од страна на админстрацијата на Роналд Реган, период големи буџетски дефицити и виоски камати. Но, оваа епизода создаде проблеми надвор од САД, а денес ситуацијата во светската економија е далеку посложена отколку тогаш. Дополнително, денес доларот е далеку позначајна валута за светската економија, отколку што била тогаш. Тоа го прави посилниот долар и поопасен за светот.
Според некои проценки, фактичката зона на доларот, вклучувајќи ги и САД и земјите кои се врзани за доларот, опфаќа 60% од населението на светот и 60% од глобалниот БДП.
Поскапиот долар може да му наштети на американскиот извоз. Во времето кога Реган го практикуваше овој рецепт, тоа беше пропратено со протекционизам на американскиот пазар. Поголемиот буџетски дефицит кој го најавува Трамп ги зголемува шансите за воведување за на увозни царини кон Кина и Мексико во обид да се балансира трговијата. Ако Трамп посегне кон претекционистички мерки и увозни царини, последиците ќе ги почуствува целиот свет.
Затоа многу работат зависат од тоа во која насока ќе тргне доларот сега.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×