Доларот најсилен од Реган наваму: кој добива, а кој губи?
Објавено на од во Економија
Само од 30 јуни годинава до денеска, доларот скокна за 28% во однос на еврото, 18% во однос на јапонскиот јен и дури 40% во однос на бразилскиот реал.

Американскиот долар не бил волку силен уште од времето на Роналд Реган, односно почетокот на 1980-те, пишува Business Insider. Само од 30 јуни годинава до денеска, доларот скокна за 28% во однос на еврото, 18% во однос на јапонскиот јен и дури 40% во однос на бразилскиот реал. Некои американски компании и инвеститори посакуваат нивната национална валута да подзакочи  малку. На авиокомпанијата Delta Air Lines, на пример, силниот долар и ја намалува продажбата на авиобилети на некои странски пазари, додека на фармацевтскиот гигант Johnson & Johnson заработката во првиот квартал му е падната за 9%, делумно и заради силниот долар.

Доларот расте заради тоа што американската економија има подобри перформанси во моментов од другите развиени земји и затоа што каматните стапки во САД се повисоки од оние во Европа и Јапонија.

Растот на доларот има големо влијание врз светската економија. Во САД, ги начнува корпоративните профити, го загрозува економскиот раст, додека пак, американските туристи се воодушевени затоа што аранжманите за патувања надвор од САД, сега им доаѓаат поевтини.

Во Европа и Јапонија донесува олеснување за економиите кои што се мачат со години. А во пазарите во развој во Азија и Латинска Америка ја загрозува финансиската стабилност, затоа што овие земји обилно се задолжувале во долари изминатава деценија. А уште полошо може да стане ако компаниите од овие земји одеднаш почнат да ги повлекуваат депозитите од локалните банки за да ги подмират своите обврски во долари, или пак ако инвеститорите кои што поседуваат обврзници издадени од владите на овие држави почнат да ги продаваат во паника.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×