Доларот урива рекорди по победата на Трамп во САД
Објавено на од во НАВИГАТОР
Dolar 894 WEBАмериканската валута ја зголеми вредноста за 40% во однос на дното што го достигна во 2011 година. Како што анализира The Economist, овој раст на доларот може да значи најава на промени на економската политика на САД. Инвеститорите тврдат дека Трамп ќе ги намали даноците и ќе го зголеми буџетот за инфраструктурата.

 

Најважната валута во светот се повеќе расте.  Во трите недели по победата на Доналд Трамп на изборите за претседател на САД, доларот забележа еден од најострите растови во однос на кошницата од валути, коментира Economist.

Американската валута ја зголеми вредноста за 40% во однос на дното што го достигна во 2011 година. Јуанот се намали до најниско ниво во однос на доларот од 2008 година, а има тврдења дека властите на Кина размислуваат за построги ограничувања врз странските превземања на домашните компании, за да се ограничи притисокот.

Валутата на Индија, која си има свои проблеми во земјата, исто така, достигна рекордно дно во однос на зелената валута. Другите азиски валути се распаднаа до нивоа невидени од финансиската криза во 1997-98 година.

Како што анализира The Economist, овој раст на доларот може да значи најава на промени на економската политика на САД. Инвеститорите тврдат дека Трамп ќе ги намали даноците и ќе го зголеми буџетот за инфраструктурата. Од друга страна, фискалната експанзија ќе ги натера Федералните резерви (ФЕД) да ги зголемат каматните стапки што побрзо за да се нормализира инфлацијата.

Во меѓувреме, се подобрија и економските параметри на САД кои што исто така го поттикнуваат растот на оваа валута.

Доларот ја зголеми вредноста во однос на кошницата валути и како последица на растот на продуктивноста и индустриските нарачки од фабриките во САД.

И тоа се случи и покрај драстичното зголемување на трговскиот дефицит на САД за близу 18%, што се очекува да наштети на развојот на американската економија.

Дефицитот на земјата е зголемен до 42,6 милијарди долари, иако прогнозите на аналитичарите беа за дефицит од 42,1 милијарди долари. Причина за ова е намалувањето на извозот за 1,8% и соодветно зголемувањето на увозот од 1,3%.

Но и покрај ова, продуктивноста во САД порасна во третиот квартал со 3,1% на годишна основа, а индустриските нарачки од фабриките во октомври се зголемија за 2,7% наспроти очекувањата дека побарувачката за американски индустриски производи ќе биде помала.

Што се однесува до последиците од растот на доларот врз македонската економија, тие би биле незначителни.

Анализирајќи ги статистичките податоци за увоз и извоз на земјата, повеќе компании ќе загубат од растот на доларот, бидејќи земјава повеќе увезува одошто извезува во долари. Меѓу 25-30% од увозот на Македонија е од Русија, САД, Бразил, Украина,Кина и уште неколку земји со кои тргуваме во долари.

Кај извозот пак, најголем дел, или над 70% е насочен кон земјите од ЕУ, така што од растот на доларот во однос на еврото не се очекуваат позначајни ефекти врз економијата. Според проценките, само околу 15% од извозот во странство се наплатува во долари, главно во Русија и земјите од источниот блок.

Статистичките податоци покажуваат дека Македонците малку штедат во долари, иако откако почна трендот на јакнење на американската валута во однос на еврото, интересот за долари расте. Според официјалните статистички податоци, граѓаните во банките чуваат околу 200 милиони долари, што е 7% од вкупните штедни влогови во девизи.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×