Доларот во залет, фунтата падна на минимум
Објавено на од во Економија
Американскиот долар значително се зголеми во однос на другите валути и достигна двонеделен максимум.
dollar-euro-rouleau-reutersСилните економски податоци повторно ги поттикнаа инвеститорите да мислат дека Федералните резерви, најверојатно, ќе звучат смирувачки на состанокот за монетарната политика оваа недела.
Податоците за малопродажбата во САД, објавени во петокот, веќе ги намалија шансите за дополнителни корекции на каматните стапки оваа недела и влијаеја на зајакнување на доларот, иако претседателот на ФЕД, Џером Пауел, има основи за намалување на каматните стапки подоцна оваа година.
Индексот на доларот, кој го мери доларот во однос на кошница од шест валути, забележа две-неделен пик на 97,603 поени, што е малку повисока од претходниот ден.
Еврото забележа мала промена во трговијата, од 1,1213 долари, бидејќи инвеститорите очекуваат обраќање на креаторите на политиката на состанокот на Европската централна банка во Синтра, Португалија, како и податоци за инфлацијата во еврозоната, која ќе биде објавена денес.
Доларот зајакна во однос на јапонскиот јен за 0,5% на 108,63 јени.
Фунтата падна на 1,2573 долари, што е најниско ниво од јануари и се движи кон најниското ниво во 2019 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×