Долгогодишниот директор на Уни банка, Коста Митровски, си заминува од функцијата
Објавено на од во Економија
УНИБанка направи промени во оперативното раководство на финансиската институција. По 16 години работа во УНИБанка, г-н Коста Митровски се повлекува од позицијата на Главен Извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на банката, сметано од 10.05.2019 година.

Mitrovski-Kosta-978-WEB

Раководството на УНИБанка е благодарно за придонесот на г-н Митровски во развојот на банката, за долгогодишната работа во насока на зацврстување и докажување на институцијата како стабилен и сигурен партнер за клиентите и му посакува успех во понатамошните активности.
Работните обврски на г-н Митровски ќе бидат распределени меѓу останатите тројца членови на УО и воедно Извршни директори на УНИБанка – г-н Делчо Крстев, г-н Владислав Хаџидинев и г-ѓа Милка Тодорова.
УНИБанка е една од наjбрзо растечките компании во земјата, со активи од над 330 милиони евра и добивка од 4,35 милиони евра за 2018 година.
 Коста Митровски останува да биде претседател на Македонската банкарска асоцијација, здружението кое ги обединува и претставува сите македонски банки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×