Долина на волците
Објавено на од во Колумни

Наместо Вардарска силиконска долина, Македонија 10 години подоцна наликува на Долина на волците. Реалноста која денес ја живееме многу наликува на сценариото од оваа турска серија, која неодамна се емитуваше и во Македнија, а која изобилуваше со мафијашко-разузнавачки акции, скриени тајни како функционира политиката, за вмешаноста и врските на политичарите со мафијашите во трговијата со оружје, дрога, луѓе, органи..Работи за кој обичниот народ само шепоти, а не смее да зборува гласно. Денес по улиците имаме еден куп умислени мафијаши и агенти кои наводно работат за доброто на државата. И се борат против тајните сили кои сакаат да ја срушат државата. Целата креативна енергија се троши да се смислат вакви сценарија и скриени игри.

 

Еден од првите проекти со кои ВМРО ДПМНЕ ја почна власта уште во далечната 2006 година беше проектот за формирање на Вардарска силиконска долина. Со проектот во кој беше вклучена македонската асоцијација за Интернет технологија МАСИТ се предвидуваше формирање на развоен центар за информатичка технологијаилитехнолошки инкубатори преку кои ќе се поддржуваат промотивни идеи за отворање нови ИТ- бизниси, кои би работеле во една заедничка индустриска зона наречена Вардарска силиконска долина. Целта на овој проект беше до 2010 година двојно да се зголеми работата на македонските ИТ компании и да се отворатнови работни места во овој сектор. Проверен концепт, кој одамна функционира и дава одлични резултати во Иразел, а во изминативе некоолку години и во се поголем број земји од регионот. Дури и од денешен аспект овој проект звучи прогресивно, модерно и бомбастично. Но, за жал 10 години подоцна македонските ИТ фирми едвај преживуваат. Наместо нови иновативни идеи, тие се сведоа на евтин аутсорс за странски ИТ компании. За сите поголеми проекти и јавни набавки финансирани од државата се ангажираат фирми од странство, додека домашните фирми не можат да помислат да допрат, бидејќи не успеаа да стекнат ниту искуство, ниту референца.

Денес, 10 години подоцна, главниот економски концепт на Македонија не е да создава индустриски зони во кои ќе поддржуваат прогресивни и иновативни идеи на домашната индустрија. Главниот економски концепт е да трошиме туѓи пари и  да даваме огромни кеш субвенции и секакви ослободувања на странски фирми за да ги убедиме да дојдат и да отворат фабрика во нашите зони. Тие да ги вработат луѓето кои се без работа и да го зголемуваат македонскиот извоз. Наместо зони со технолошки инкубатори, изградивме зони со евтина работна рака за странските фирми.

Денес, 10 години подоцна Македонија ни оддалеку не наликува на силиконска долина. Македонија денес наликува на Долина на волците.Реалноста која денес ја живееме многу наликува на сценариото од оваа турска серија, која неодамна се емитуваше и во Македнија, а која изобилуваше со мафијашко-разузнавачки акции, скриени тајни како функционира политиката, за вмешаноста и врските на политичарите со мафијашите во трговијата со оружје, дрога, луѓе, органи..Работи за кој обичниот народ само шепоти, а не смее да зборува гласно.
Денес по улиците имаме еден куп умислени мафијаши и агенти кои наводно работат за доброто на државата. И се борат против тајните сили кои сакаат да ја срушат државата. Целата креативна енергија се троши да се смислат вакви сценарија и скриени игри.

Но, секоја серија, колку и таа да е добро режирана, има крај, или, пак, продолжение. Крајот на нашата Долина на волците можеби се уште не се гледа јасно. Но, ако се види како оваа приказна се развива во земјите од регионот, кој исто така забегаа во слични сценарија и приказни, не е тешко и да се претпостави.

Реалноста која ја живее Грција веќе наликува на долина на солзите. Во Црна Гора главниот јунак веќе го смени сценариото за новото продолжени.
Во Хрватска, откако главните јунаци завршија во затвор, на новите актери им се нуди продолжение на приказната.
Имено, на новата хрватска коалиција која едвај ја состави владата, неодамна им беше доставен еден документ составен од угледни германски експерти, со клучни чекори кои треба политичарите на власт да ги направат за да ја спасат државата.
Имено, документот на угледниот германски институт UFO, направен наводно по нарачка на партијата на власт ХДЗ, веќе се наметнува во јавноста како новата економска програма на новата власт. Германските експерти тврдат дека за да се спаси државата од банкрот, Хрватска мора да помине низ долината на политичка смрт.
Структурните реформи кои и се нудат се речиси исите кои и се наметнаа на Грција.
“Структурните реформи кои треба да се направат ќе бидат болни на краток рок и ќе водат кон потенцијална “долина на политичка смрт”. Но, на Хрватска и е потребно храбро лидерство со доволно државна способност да се соочи со неизбежната долина на политичка смрт”, се вели во програмата на германските економски експерти.
Тоа бил единствениот пат да се извлече земјата од провалијата на преголема задолженост во која заглиби во изминатите десетина години заглиби.
И нормално сега кога доаѓа времето  за отплата на долговите на странство, односно до соочување со реалноста дека економијата нема доволно капацитет да ги враќа преголемите долгови во кои ја заглавиле политиките елити кои предолго гледале мафијашки серии, тогаш се вклучува црвениот аларм.

Тогаш долината на волците, обично продолжува со долина на политичка смрт. Тука се бараат јунаци кои треба да направат самоубиство. Кои ќе ги намалат платите во јавната администрација, ќе ја стават крај на сивата економија, кои ќе ги кратат пензиите, кои ќе ја зголемат возраста за пензионирање…Интересно, германските експерти за прв пат и многу отворено предлагаат дека Хрватска мора да почне со постепена, контролирана девалвација на куната за 7% до 13% годишно, за да ја обнови конкурентноста на економијата.
Сите тие потези и реформи кои со години наназад беа буткани под тепих, кои политичките елити не ги ни споменуваа затоа што можеа лесно да се задолжуваат, лажно создавајќи впечаток дека работата за доброто на народот и државата, додека во истовреме царуваше корупцијата и сивата економија, додека големата држава го гушеше бизнисот со наводните многу важни капитални инвестиции и проекти.

Патот по кој се движи Македонија е ист. Долината на волците многу брзо ќе се замени со нова серија долина на солзите, која неминовно ќе заврши со политичка смрт. Која народот ќе мора да ја проголта со објаснување дека сега тоа мора да се направи за да се спаси државата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×