Домашни компании и поединци добија награди за остварување на одржлив развој
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Наградите се доделија во рамки на проектот „Градење на меѓусекторски партерства за одржлив развој“ спроведен од организациите „Конект“, „Agora“ и „Network Bulgaria“, а поддржан од УНИЦЕФ и Делегацијата на Европската унија.

q15

 

 

 

 

 

 

 

 

На компании и поединци синоќа им беа доделени награди за остварување на целите за одржлив развој. Наградите се доделија во рамки на проектот „Градење на меѓусекторски партерства за одржлив развој“ спроведен од организациите „Конект“, „Agora“ и „Network Bulgaria“, а поддржан од УНИЦЕФ и Делегацијата на Европската унија.

Алкалоид, Пивара Скопје, Цементарница Усје, Фармахем, Адора инженеринг и Макпрогрес добија награда во категоријата “Компании – предводници на целите за одржлив развој“.
Мартина Блинкова – Дончевска од Институтот за истражување на животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ во рамки на компанијата Градежен институт на Македонија  – ГИМ, Соња Бојаровска од Тинекс и Наталија Бургева од Мама Органа добија награда во категоријата “Поединци, вработени во компании“, додека Сара Кочан од Dancers United MK и Ирина Тошева од Ателје Ирина Тошева беа наградени во категоријата „Млади бизнис лидери“.

„Целите за одржлив развој даваат уникатна можност бизнисот да создава подобро општество. Квалитетното образование, здравата и продуктивна работна сила и разумното користење ресурси се предуслови за развој на бизнисот што кај нас се препознаени“, истакна Никица Кусиникова, извршен  директор на  здружението Конект, организатор на настанот.  „Добитниците на наградите веќе прават многу и инспирираат, а Конект ќе продолжи да ги поддржува сите бизниси во остварувањата на целите градејќи партнерства со граѓанскиот сектор и институциите.,  Тоа е процес кој значи создавање на едно општество со хумани вредности во кое човекот ќе биде во центарот на вниманието и се ќе се врти околу него.“, додаде Кусиникова.

„Најдобро е да создавате општество  во кое ќе има правда за сите и добри услови за сите. Тоа е всушност и целта на целите за постигнување на одржливиот развој. Дали е тоа можно? Да, веројатно е можно. Дали е тоа лесно?. Сигурно, не е лесно. На кому му паѓа одговорноста тоа да го направи? На тие  кои ја преземале одговорноста, кои ја водат државата, односно на нас како Влада и сите кои ќе дојдат во иднина“, истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев пред присутните, којшто додели и дел од наградите.

Според него, она на што државата мора во иднина да посвети внимание е образованието и на реформите во него бидејќи тоа е основата за добра економија, која пак е основа за добар живот на граѓаните.

И од Европската унија и од УНИЦЕФ препорачуваат да се посвети внимание на образованието и животната средина.

Во 2015 година на Генералното собрание на Обединетите нации донесена е агендата 2030 која подразбира исполнување на целите за одржлив развој. Станува збор за 17 цели и 169 специфични точки за тие цели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×