Домашните компании со помош на Берзата ќе можат да приберат капитал од локални, но и странски инвеститори од преку 100 земји
Објавено на од во Start-up

FOto1 za glavna s Funderbeam, платформата за crowdfunding финансирање на стартапи од есен треба да профункционира и на македонскиот пазар

Формирана во Естонија, раширена во седум светски региони, Funderbeam e иновативна онлајн платформа којашто ги спојува стартапите со инвеститорите, преку т.н. crowdfunding принцип, и работи со блокчеин технологија. Funderbeam SEE е нејзината филијала за југоисточна Европа, преку којашто во Хрватска досега се финансирани седум стартапи, а од есен треба да почне да функционира и соработката со Македонска берза. Се отвора голема можност за македонските стартапи да го финансираат својот раст и развој.

При крајот на февруари годинава хрватската стартап сцена ја разбранува веста дека тамошниот стартап Top Digital Agency (TDA) успеал за само 24 часа да собере 3,1 милиони куни или околу 420 илјади евра преку дигиталната платформа за crowdfunding финансирање, Funderbeam. Прибраните пари претприемачите од TDA ќе ги искористaтза понатамошен развој на стартапот, а интересно е што нивната минимална сума на којашто целеле била 300 илјади евра, додека максималната 400 илјади евра, што за многу кусо време успеале да ја соберат од инвеститори од цел свет. Овој успех ја позиционира компанијата TDA, којашто инаку се занимава со спојување на бизниси, односно нивни проекти со дигитални агенции, како најбрза кампања на Fundebram досега, а е седми стартап во Хрватска што се финансира преку оваа crowdfunding платформа.
Funderbeam е всушност нов модел за финансирање на стартапи, односно crowdfunding платформа која доаѓа од Естонија, а во Хрватска има 80% удел во компанијата Funderbeam SEE (South East Europe), додека останатите 20% ги поседува Загрепската берза. Funderbeam е основана во 2013 година, но со тргување и инвестирање започнува во 2016 година. До сега преку неа се инвестирани 8 милиони евра во компании, а половина од средствата, односно 4,3 милиони, се инвестирани само во 2018 година. Кон крајот на 2016 година беше претставена на хрватската јавност, а набргу потоа стигнаа и првите апликации од стартапи. Прва компанија којашто во Хрватска покрена crowdfunding кампања на новата платформа е Include, позната по своите паметни клупи, креација на младиот претприемач Иван Мрвош (23 годишен) од малото место Солин крај Сплит.
Добрата вест за македонските стартапи е што FunderbeamSEE од оваа есен треба да почне да функционира и во земјава. По примерот на Хрватска, и кај нас Берзата потпиша договор со платформата, а подготовките за оперативно делување, што значи и прилагодувања со регулативата и сл., се во тек, како што ни изјави извршниот директор на Македонска берза, Иван Штериев.
32sСоработка со Фондот за иновации за поголем успех на Funderbeam во земјава
Штериев вели дека планот е некаде после годишните одмори, заедничката платформа на Берзата и Funderbeam SEE да биде 100% оперативна.
„Преку оваа платформа македонските компании ќе добијат можност за полесно небанкарско финансирање во зависност од нивната иновативност и конкурентност, а домашните инвеститори ќе можат да вложуваат во домашни бизнис проекти каде ќе препознаат добар потенцијал, со што ќе изврши поефикасна алокација на домашните заштеди и во овој дел од економијата. Истовремено, Берзата ќе ги понуди и прошири своите услуги и за помалите македонски компании. Уште подобро е што оваа платформа овозможува пристап до инвеститори во 113 земји, а компаниите можат да се поврзат со глобалната инвеститорска сцена. Платформата таргетира седум региони – Велика Британија, Нордиските земји, Балтикот, Јужна и Источна Европа, Сингапур и Бразил.“, истакнува Штериев.
Со цел полесно да се идентификуваат домашните стартапи што би биле потенцијални кандидати за финансирање преку Funderbeam SEE, Македонска берза неодамна потпиша и меморандум за соработка со Фондот за иновации и технолошки развој – ФИТР, којшто веќе има искуство во прибирањето апликации и финансирањето на стартапи, односно иновативни проекти.
Директорот на ФИТР Јован Деспотовски нагласи дека со ова се отвораат нови можности за поддршка и развој на македонските компании и пристап до странски фондови.
“Државата, односно владата преку Фондот за иновации и технолошки развој останува и понатаму посветена да ги поддржува домашните компании. Она што сега го правиме е на компаниите, покрај средствата обезбедени од буџетот да им овозможиме пристап и до други извори за финансирање, особено на европскиот пазар, па и во глобални рамки. Македонија не е изолиран остров, туку веќе е дел од глобалните финансиски трендови на финансирање и инвестиции во иновации и технолошки развој.“, рече Деспотовски и најави дека веќе се преговара и со фондови од САД и Израел.
34 sХрватското искуство со Funderbeam
Инаку, инвеститорите коишто своите пари ви вложиле во хрватските стартапи пласирани на блокчеин платформата Funderbeam засега имаат причина за задоволство, затоа што некои од нив капиталот го зголемиле и до седум пати, пишуваат хрватските медиуми. Како што вели Poslovni dnevnik, според податоците што им ги доставиле од Funderbeam, вложувањето во шест компании досега за инвеститорите се покажало како мудар потез. Со исклучок на Aspidea, цените на токенот, односно уделот во компанијата, во Includea, Pivovara Medvedgrad, Entrija и Sense Consulting, засега се во позитивна зона.
Тоа особено важи за Includea, компанијата на младиот претприемач Иван Мрвош, чијшто токен при крајот на февруари вредел 2,5 евра, што е 150% повеќе од почетното едно евро кога била направена котацијата.
Оваа компанија што се прослави со своите паметни клупи е пионер меѓу хрватските компании на Funderbeam, а цената на токенот во еден момент достигнала и седум евра. „Акцијата“ на Include e и убедливо најликвидна меѓу хрватските: вкупниот промет надминал 192 илјади евра остварени во 549 трансакции. На прашањето дали е задоволен со движењето на цената на токенот и ликвидноста, Иван Мрвош вели дека тоа зависи од неколку фактори.
„Пред сè мислам дека клучно е да расте базата на вложувачите, што генерира поголем дневен промет на тргување. Кога мојата компанија беше излистана на Funderbeam во мај 2017 година, базата на вложувачите беше релативно мала, а воедно бевме и првата хрватска компанија на платформата. Во последно време с$ поголем е бројот на новите котации, расте базата на вложувачи и со самото тоа квалитетните фирми се препознаени, што влијае на дневниот промет, како и на самата цена на токените“, вели Мрвош за Poslovni dnevnik.
Досегашното искуство на хрватските компании со Funderbeam ги исполни очекувањата, истакнува Дамир Бичаниќ, директор на компанијата Funderbeam SEE во којашто удел има и Загрепската берза.
„Треба да се нагласи и дека во две кампањи, за пиварницата Medvedgrad, како и за Sense, се работи за структурирани кампањи што се замислени примарно да носат фиксен принос, односно дивиденда. На пример, ако Medvedgrad работи со добивка, во првата година исплатува 6% дивиденда, во втората 8%, во третата 10%, во четвртата 11,5%, а потоа 13% дивиденда.“, објаснува Бичаниќ.
Задоволството од досегашните резултати на Funderbeam не го кријат и во Загрепската берза.
„Низ разговори со потенцијални кандидати, компании што сакаат да приберат свеж капитал преку Funderbeam, се уверивме дека во Хрватска постои голем број на иновативни фирми што со адекватни извори на финансирање може да бидат генератор на растот во иднина. За жал, инвеститорската поддршка во смисла на институционални вложувачи или компании што сакаат да инвестираат во такви иновативни стартапи многу е ограничена“, вели директорката на Берзата во Загреб, Ивана Гажиќ. На прашањето дали некоја од фирмите котирана на Funderbeam има намера да направи чекор понатаму, односно да емитува и акции, вели дека котирање на официјалниот берзански пазар е желба на неколку од стартапите што се на Funderbeam.
„Со нив сме во постојан контакт и штом ја достигнат потребната зрелост, сигурни сме дека ќе ја видиме и првата иницијална понуда на акции (IPO) израсната на темелите на Funderbeam“, додава Гажиќ.

Funderbeam za ramkataКако функционира Funderbeam?

Платформата користи blockchain технологија, а уделите на инвеститорите претставуваат дигитални записи, т.н. токени. Потенцијалот на Funderbeam го препознал и основачот на Skype, Јаан Таалин, којшто меѓу првите финансиски го поддржал овој концепт.
Funderbeam SEE, која што во перспектива се насочува и кон останатите берзи од регионов, го користи бизнис моделот којшто подразбира дека за потребите на финансирање на некој стартап се формира т.н. SPV (Special Purpose Vehicle) фирма со седиште во Естонија, објаснуваат од Загрепска берза. Оваа SPV практично претставува единствен сопственик којшто настапува пред сите инвеститори. Причина за ова се ниските трошоци и избегнувањето на бирократските бариери (Естонија е инаку позната како најдигитализирана држава во светот, каде што фирма се основа буквално за само неколку минути, нуди виртуелно државјанство за бизнис цели, итн. н.з.), а стартапот што е во потрага по финансиери, нема десетици или стотици инвеститори со коишто треба да комуницира, туку еден, наречен водечки, којшто е и директор во SPV. Вложувачите пак, и водечкиот и сите останати, по отворањето на својот инвестициски профил во секој момент имаат надзор над своето портфолио, во стартапите во коишто вложиле преку Funderbeam. Минималното вложување за поединечен мал инвеститор во еден стартап изнесува 100 евра. Платформата користи blockchain технологија, а уделите на инвеститорите претставуваат дигитални записи, т.н. токени. На пример, за 100 евра вложен и се добиваат 100 токени, со коишто патем, ќе може потоа да се тргува откако компанијата ќе излезе на платформата и вложувачите може слободно да си ги дадат своите удели на продажба, доколку сакаат. Отворањето на инвестицискиот профил за вложувачите е бесплатно, а уште една посебност на овој иновативен систем на прибирање капитал е тоа што тргувањето не вклучува посредници, брокери и сл., а трансакциски надомест за време на тргувањето вложувачите плаќаат само во ситуација ако на трансакцијата остварат добивка, со тоа што надоместот во тој случај е 1%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×