Домашните мелничари бараат субвенции за да му конкурираат на српското брашно
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

“Српското брашно кое влегува поевтино на македонскиот пазар се заканува да ги затвори домашните мелници”, предупредија од Мелничко – пекарска  групација при Стопанската комора на Македонија.

Српското брашно на домашното пазар е за неколку денари поевтино од македонското брашно е за неколку денари поскапо од српското. Затоа барат помош од Владата.
„Овие 2,5 денари кои ги бараме од Владата би биле на нивото на цената на српското брашно за да може да опстанеме и конкурираме. Ние сме сега со три денари разлика и не можеме да опстанеме“, рече Горан Малишиќ , претседател на Мелничко – пекарска групација.
Брашно од домашна пченица без ДДВ и дополнителни трошоци ги чини околу 15 денари по килограм, а од Србија 13,5 денари. Земјоделците велат дека заради поплавите и намалениот принос производната цена на лебно жито од минатата реколта било поскапо. Годишно во земјава се увезува околу 50 илјади тони странско брашно.
Во државата месечно се трошат околу 11 илјади тони брашно, од кои дури 4,5 илјади тони се од увоз.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×