Домашното градежништво ќе ги зајакне стандардите со помош на светски модели на договори
Објавено на од во луѓе и компании

FIDIC 957 WEBПрва конференција за ФИДИК договори во Македонија

Влегувањето на Асоцијацијата на инженери – консултанти на Македонија (АЦЕМА) во глобалното семејство на ФИДИК – Меѓународната федерација што ги обединува овие професионалци, ќе значи можност за унапредување на состојбите во инженерско – консултантската фела, како и пристап на домашните градежни компании до најдобрите практики и модели на најупотребуваните стандардни форми на договори за меѓународни градежни проекти во светот. ФИДИК е одговорна за подготовка на најупотребуваните стандардни форми на договори за интернационални градежни проекти во светот, а за нивното значење и потреба во македонскиот градежен сектор се говореше на првата официјална ФИДИК Конференција во земјава, што на 26 февруари се одржа во Скопје, токму во организација на АЦЕМА.

 

Македонската Асоцијација на инженери – консултанти (АЦЕМА) пред неколку месеци стана членка на ФИДИК (FIDIC) – Меѓународната федерација на инженери – консултанти, која што ги стандардизира моделите на договори во градежништвото на светско ниво. ФИДИК е основана во Женева во 1913 година, во моментов претставува 97 земји – членки, 60.000 градежни компании и над 1.500.000 професионалци. На 26 февруари, понеделник, во Скопје се одржа првата официјална ФИДИК конференција во земјава, на која што говореа и членови на врвното раководство на Федерацијата.

FIDIC 957 WEB frejmКонференцијата ја организираше АЦЕМА – Македонската асоцијација на инженери – консултанти во градежниот сектор, а воведен говор и свечено отворање на Конференцијата направи министерот за транспорт и врски во Владата на Македонија, Горан Сугарески, којшто рече дека како земја влезени сме во неколку крупни градежни инвестиции финансирани делумно или целосно од европски и светски кредитори, што значи ФИДИК договорите се од исклучително значење за работата на македонските градежни компании што се вклучени во реализација на сите овие тековни, но и идни проекти.

“Некои од позначајните градежни потфати што веќе се реализирани според FIDIC договорите се автопатите Демир Капија – Смоквица и Скопје – Тетово, скопскиот аеродром и др.“, истакна министерот Сугарески.
Енрико Винк, извршен директор на ФИДИК, пред присутните на Конференцијата истакна дека влегувањето на АЦЕМА во глобалното семејство на ФИДИК ќе значи можност за унапредување на состојбите во инженерско – консултантската фела во Македонија, како и пристап на домашните градежни компании до најдобрите практики и модели на најупотребуваните стандардни форми на договори за меѓународни градежни проекти во светот.

“Улогата и местото на инженерите – консултанти во новата глобална економија се менува , и ако досега од нив се бараше да бидат високо професионални советници од доверба на владите, клиентите и финансиерите, независни и со интегритет, отсега нивна задача е и да бидат и мултидисциплинарни експерти, иноватори, како и стратешки советници во областа на инвестициите и тендерите во градежништвото, каде што се вклучени и многу други професионални профили – правници, економисти, судии во евентуални спорови, итн.“, истакна Винк.

Тој додаде дека главните постулати на ФИДИК, односно нејзините членови, се интегритет, квалитет и одржливост.

“Афирмираме највисоки етички стандарди во работењето на инженерите – консултанти, како и учество во борбата против корупција во градежниот сектор, кој што, како што знаете, е на второ место во светски рамки меѓу сите индустрии, според нивото на корупција. Токму поставувањето јасни правила на фер – плеј на сите засегнати страни во еден градежен проект, односно модел на договарање каде што во текот на градбата се препознаени сите евентуални спорни моменти и е јасно објаснето како се постапува во такви ситуации, може да го намали ризикот од евентуални коруптивни елементи.

Избегнување, наместо решавање на спорови во градежните проекти

Винк најави и дека ФИДИК ќе ѝ помогне на својата македонска членка АЦЕМА во спроведувањето на обуки и семинари, на коишто странски инструктори сертифицирани токму од Федерацијата, ќе ги запознаат и обучат сите заинтересирани професионалци од земјава за ФИДИК договорите.

На Конференцијата говореше и гостинката од Србија, Андреа Шехиќ, директор на тамошната Асоцијација на инженери – консултанти, којашто ги сподели нивните искуства и придобивки од членството во ФИДИК.

Презентација имаше и членот на УО на АЦЕМА и менаџер за ФИДИК договори и за отштетни побарувања во АД Гранит, Денис Ризаов, којшто  потенцираше дека реализацијата на градежните проекти според ФИДИК моделите на договори, всушност ја намалува веројатноста за евентуални спорови и барања за отштета од некоја од договорните страни.
“Со долгорочно користење и адаптација на стандардните форми на ФИДИК договори се влева доверба дека типичните ситуации на евентуални отштетни побарувања при реализација на градежните проекти се сеопфатно согледани и вклучени во секоја нова верзија на договорите. Фер односот помеѓу договорните страни е загарантиран со транспарентна постапка на пишување и издавање, со што полесно се избегнуваат споровите, наместо да се решаваат.“, рече Ризаов.

Инаку, основачи на АЦЕМА се седум реномирани компании од Македонија коишто нудат консултантско – инженерски услуги: Градежен институт Македонија АД Скопје, Бетон АД Скопје, Гранит АД Скопје, Жикол ДООЕЛ Струмица, ТЦС Билдинг Аутоматион Дооел Скопје, ФЕГО Инженеринг ДОО Скопје и Сириус Консалтинг Скопје. Членови на АЦЕМА може да бидат компании на инженери консултанти, архитектонски бироа, изведувачи, банки, адвокатски канцеларии и други субјекти заинтересирани за промовирање на целите на асоцијацијата, велат оттаму.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×