Домбровскис: Ќе нема прием на нови членки во ЕУ во наредните неколку години
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Поради долготрајната криза во регионот, Европската унија ќе мора да го одложи приемот во членство на некои земји, изјави заменик претседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис, за германски Die Welt. „Не се очекува придружување на нови членки во неколкуте следни години“, рече конкретно Домбровскис. Тој во пригодата проговори и за „чекалницата“ на Еврозоната.

„Пред некоја држава да се придружи на еврото, таа мора да има фиксен курс кон европската валута. Овој механизам е „чекалница“ за членство во Еврозоната“, рече Домбровскис, кој е и комесар на ЕУ задолжен за еврото и за социјалниот дијалог.

Како што вели тој, во моментов ниту една членка на ЕУ не е во „чекалницата на Еврозоната“, со исклучок на Данска, која има посебен статус. Од 28-те членки на ЕУ, 19 се потписнички на договорот за користење на единствената валута, еврото.  Домбровскис рече дека Романија и Бугарија изразиле интерес да преземат први чекори за влез во евро-блокот, и оти прелиминарни разговори веќе биле водени со претходната Влада на Полска.

Негов впечаток е дека на почетокот, пристапувањето кон еврото било атрактивно за новите членки на Унијата, но, оти кризата на еврото тоа го променила, и особено грчката криза. Последни земји што влегоа во Еврозоната се Латвија во 2014 година и Литванија во 2015.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×