Доналд Трамп: Личност на годината
Објавено на од во Профил

donald-trump13Ја одбележа 2016-та, а би можел и следната

Човекот што ќе биде нов претседател на САД се наметна како ултимативен избор за личност на 2016 година, откако часови пред затворањето на избирачките места на 8 ноември, се чинеше дека само во неговиот штаб веруваат во победа, што, пак, јасно покажа колку светските креатори на јавното мислење стравувале од ризикот контроверзниот милијардер да го наруши комфорот во спроведувањето на политиките на најмоќната светска држава, со сето глобално влијание што истите го имаат

 

Не беше тешко да се избере личноста што ја одбележа 2016 година. Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се наметна како ултимативен избор, откако часови пред затворањето на избирачките места се чинеше дека само во неговиот штаб веруваат во победа, што, пак, јасно покажа колку светските креатори на јавното мислење стравувале од ризикот контроверзниот милијардер да го наруши комфорот во спроведувањето на политиките на најмоќната светска држава, со сето глобално влијание што истите го имаат.

Ден пред изборите, последната анкета на Reuters/Ipsos, ѝ даваше 90% шанси за победа на кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон. И таа да станеше претседател на САД, најверојатно ќе беше прогласувана за личност на годината, но, јасно, со многу помала уверливост.

Кога неодамна магазинот Тајм го избра Трамп за личност на 2016 година, во редакцискиот коментар беше фатен токму споменатиот момент:

„Тешко е да се измери потресот што тој го предизвика. Овој барон на бизнисот со недвижнини и сопственик на казина, претворен во ТВ-ѕвезда на реални шоуа и провокатор, не поминал ниту ден на јавна функција добиена на избори; никогаш не му служел никому освен себе си. Сега тој ги созерцува расчадените урнатини на огромното политичко здание што некогаш вдомуваше политички партии, експерти, донатори, анкетари …, сите оние кои не видоа дека тој доаѓа или не го сфаќаа сериозно. Покрај сето ова, Трамп е подготвен да претседава, за подобро или за полошо“.

Тајм уште додава дека според сѐ што може да се види од јавниот живот на Трамп, влијателните луѓе кои го формираат вкусот на Американците, заедно со интелектуалците, го отфрлиле милијардерот како простак и карневалски лик, шоумен со голем блесок и мала супстанца.

„Но, она што критичарите никогаш не го разбраа, беше дека нивниот презир нему му ја даде потребната сила“, пишува познатиот американски неделник.

Како и да е, дали неговото претседателствување со САД ќе биде за подобро или за полошо, и сега не е многу појасно отколку што беше на 9 ноември.

Но, она што се знае е дека победата на Доналд Трамп докажа оти точката на вриење во денешниот свет наближува, и ќе се достигне со евентуалниот Трамп-домино ефект во Европа, која уште (ќе) се опоравува од Брегзитот.

Прашањата се колку има релевантност во опасните сценарија што многу ликови и центри кои го формираат јавното мислење ги предвидуваа во случај на победа на милијардерот, кој, вистина, не се штедеше во давањето материјал за целта.

Donald Trump in construction site of Trump Tower, Fifth Avenue, New York City, 1980.

Трамп фотографиран во 1980 година, со погледот насочен кон тоа што подоцна ќе биде врвот на облакодерот што го носи неговото име на Петта авенија во Њујорк.

Се стравува од напуштање на досега секогаш потврдуваната идеја што стои во суштината на НАТО врските меѓу државите – членки, дека „силна, безбедна и просперитетна Европа значи силна, безбедна и просперитетна Америка“, како што рече генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, денови по изборите во САД, имајќи ги предвид изјавите на сега избраниот претседател дека ќе ја преиспита улогата на САД во НАТО, во услови, кога, смета Трамп, американските сојузници не плаќаат соодветно за својата одбрана.

Во контекстот, се стравува и од промена на односите Вашингтон – Москва, во корист на Кремљ, што би значела источна Европа или Блискиот исток да бидат оставени на милост и немилост на Русија, и покрај уверувањата на одредени експерти дека Трамп, на крајот, може да се покаже дури и поостар во однос на Владимир Путин од неговите претходници во Белата куќа.

Милијардерот избра милијардери за советници

Трамп привлече внимание и при составувањето на претседателскиот тим, покрај останатите, можеби и поважни аспекти, и со создавањето цел клуб на милијардери околу него.

Американски Политико, земајќи предвид колку поединечно „тежат“ овие соработници во кабинетот и во администрацијата, забележа дека Трамп, кој во кампањата се претставуваше како заштитник на „заборавените луѓе“ и ја освои Белата куќа со силна поддршка од белечката работничка класа, сега составува тим/администрација, од „господари на Универзумот“.

Но, овде нема противречност – белците, американски „пролетери“, избраа милијардер за претседател – милијардерот сега избира милијардери и милионери за свои соработници. Логиката е дека ако знаеле толку добро да заработат, сигурно ќе имаат и што да им понудат на Американците, во делот на политиките што ќе ги испорача тимот на Трамп.

Новиот американски претседател за да биде повеќекратно прогласен за личност на 2016 година, настрана од глобалните околности што го донесоа на власт, секако, силно одработи и маркетиншки.

Како претседателски кандидат на многумина воопшто не им беше по вкус; соодветно, не е мала бројката на оние кои немаат добри очекувања од него и како избран претседател, но фактот дека тој имаше „хемија“ во стратегијата што не ја фатија анкетите и аналитичарите, покажува дека од неговата кампања и тоа како може да се извлечат маркетиншки лекции.

Брендот Трамп е изграден на низа начела што им се привлечни на масите – милијардерот го препозна својот целен пазар, знаеше кои му се потребите, и праќаше ефикасни пораки во овој сегмент, кои, можеби ќе се покаже дека така било само во кампањата, за потребите беа и вулгарни, сексистички, расистички …

Не водејќи сметка за востановените правила на однесување на политичарите од развиените демократии, Трамп, и кога даваше контроверзни, без разлика вистинити или лажни, усилени изјави, тие беа со раширени раце примани од неговата целна група, која, за кандидатот што ги разбива политичките норми и правила смета дека не се претвора, оти нема што да крие, и автоматски го смета за искрен.

Ова се покажа како добитна комбинација со неговата способност да игра на емоциите на гласачите, односно да им испраќа емоционално силно наелектризирани пораки, по кои групата кон која тој целеше не бараше вистина во сферите на рационалното.

“Мора да ме сакате, барем малку“

Но, настрана од кампањата, Трамп, кој пред изборите на различни адреси испрати „отровни стрели“, откако е избран покажува неочекувана широчина и визија. Соодветен пример даде кога ги собра првите луѓе на најмоќните технолошки компании од Силиконската долина, од кои не мал број му беа жестоки критичари во кампањата, односно, поддржувачи на Клинтон. Трамп групата технолошки магнати, меѓу кои Тим Кук (Ејпл), Лери Пејџ (Алфабет/Гугл), Џеф Безос (Амазон), Илон Маск (Тесла), … ја нарече „исклучителна“, и во негов стил ѝ порача дека може да смета на него.

„Во овој миг сите вие кои седите овде морате да ме сакате, барем малку. Сакам да ви честитам, и да ви кажам дека можете да сметате на мене, во настојувањата да го зголемиме успехот на вашите компании. Не постои никој како што сте вие. Вие сте посебни луѓе“, им порача Трамп на „силиконците“.

Инаку, претседателот што ќе биде инаугуриран на 20 јануари, не престана и по изборите да си ја зголемува популарноста со популистички потези што привлекуваат внимание, а се безначајни, во смисла на нивното реално значење за Американците.

Таков случај беше спуштањето на цената на претседателскиот авион од Боинг, за што медиумите пренесоа информација дека Трамп заштедил буџетски пари, односно, извршниот директор на Боинг, Денис Муленбург, му ветил дека цената на Air Force One 747 ќе биде помала од четири милијарди долари.

Трамп претходно „твитна“: „Откажете ја порачката“, откако оцени дека цената за новиот претседателски авион, ако е повисока од четири милијарди, тогаш е превисока.

Што се однесува до влијанието врз Македонија на личноста на 2016 година, со нејзиниот очекуван глобален ефект, државата секако нема да се најде директно на агендата на САД и со Трамп како претседател. За некакво влијание на новата американска администрација врз државава може да се зборува само низ призмата на геополитичките фактори што го засегаат регионот. Тука главно се мисли на поставеноста на Трамп и на неговиот тим во споменатите релации со Европската унија и со Русија.

Трамп не бил во кругот на луѓето што ја обликуваат политиката во САД, и како ќе влијае неговото претседателствување врз американската надворешна политика, вклучително и кон Балканот, е прашање на кое не може да се одговори со поголема извесност.

07-tramp

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×