15 април, 2025
1 минута читање

Доналд Трамп: привремена суспензија на царините за автомобилската и враќање на 10%!?

„Барам начин да им помогнам на некои автомобилски компании во тоа“, изјави Доналд Трамп, претседателот на САД. Тој сега вели дека на произведителите на автомобили им е потребно време да го преместат производството од Канада, Мексико и други држави. На 27 март Трамп ги најави царините на автомобилите од 25%, тој ги дефинираше како „трајни“. Но, минатата недела, откако распродажбата на американските државни обврзници ги крена каматните стапки на американскиот долг, Трамп најави враќање на старите линии, на само 10% увозни царини. И објави дека на 90 дена се замрзнуваат новите царини за десетици земји што ги беше потпишал само ден два потоа. Образложебието на Трамп е за да се даде време за преговори!?
An aerial view of new cars for export waiting for transportation on a ro-ro dockyard in Yantai in east China's Shandong province Thursday, Nov. 02, 2023.,Image: 819521312, License: Rights-managed, Restrictions: CHINA OUT, Model Release: no

Претседателот на САД Доналд Трамп кажа дека привремено би можел да ја изземе автомобилската индустрија од царините кои претходно ги наметна за тој сектор, за на произведувачите на автомобили да им даде време да ги прилагодат своите ланци на снабдување.

„Барам начин да им помогнам на некои автомобилски компании во тоа“, вели Доналд Трамп и додаде дека на произведувачите на автомобили им е потребно време да го преместат производството од Канада, Мексико и други држави.

Соопштението навести ново поништување на царините кои неодамна самиот ги потпиша. На овј заклучок самиот дошол откако ги увидел нарушувањата на светските и американските финансиски пазари поради увозните такси. Со што предизвика длабока загриженост на економистите поради можна рецесија.

Кога на 27 март Трамп ги најави царините на автомобилите од 25%, тој ги дефинираше како „трајни“.

Но, минатата недела, откако распродажбата на американските државни обврзници ги крена каматните стапки на американскиот долг, Трамп најави враќање на основните само 10% увозни царини. И дека на 90 дена се замрзнуваат новите царини за десетици земји што ги беше потпишал само ден два потоа. Образложебието на Трамп е за да се даде време за преговори.

Истовремено, Трамп ги крена царините за Кина на 145%, само за привремено да ја изземе електронската индустрија од некои царини така што таа стока ја наплаќаше по стапка од 20%.

„Не го менувам мислењето, но сум флексибилен“, кажа Трамп.

Неговата флексибилност исто така поттикна чувство на неизвесност и конфузија во врска со неговите намери и крајни цели.

Администрацијата на Трамп се обиде да сугерира дека нејзините царини ја изолирале Кина.

Но, Кина исто така настојува да изгради поцврсти односи во Азија со земјите погодени од царините на Трамп.

Кинескиот претседател Си Џинпинг се сретна во Ханој со генералниот секретар на Комунистичката партија на Виетнам То Лам со порака дека никој не победува во трговските војни.

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ