Донациите открија кој е фаворитот за претседател на Wall Street
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Донаторите од Wall Street можат да им помогнат на кандидатите за претседател како што можат и да им наштетат во собирањето на гласови, посебно кај оние гласачи кои ги обвинуваат банкарите за финансиската криза која изби во 2008 година.

Републиканскиот кандидат Марко Рубио  доби најмногу пари од донаторите од Wall Street меѓу кандидатите во трката за американски претседател, додека Доналд Трамп добил само околу 1.500 долари донации, покажува анализата на Ројтерс на основ на јавно достапните податоци за финансирањето на кампањата.

SAD izboriРубио, републикански сенатор од Флорида, добил повеќе од 4 милиони долари од вработените во банките и инвестициските куќи на Wall Street, како Bank of America, Deutsche Bank и Goldman Sachs, од објавувањето на кандидатурата за претседателската трка, покажува анализата на индивидуалните донации поголеми од 200 долари.

Поранешниот гувернер на Флорида, Џеф Буш, кој се повлече од трката пред две недели, е втор по износот на донации во вредност од 2,45 милиони долари.На трето место е кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтот која успеала да собере 723 илјади долари индивидуални донации од вработените на Wall Street.
Бидејќи веќе се стеснува бројот на кандидати, се проценува дека Марк Рубио би можел да добие уште повеќе донации од Wall Street во следниот период.
“Самата идеја дека парите во предизборна кампања на некој кандидат потекнуваат од Wall Street може и да му наштети на некој кандидат. Дури и меѓу Републиканците постои одредена недоверба во поглед на Wall Street”, вели професорот Тим Хагл од Универзитетот во Ајова.
Но, во случај на Марк Рубио тие би можеле да му помогнат во трката со Доналд Трамп да стане републикански кандидат за претседател на САД.

Демократскиот кандидат Берни Сандерс и републиканскиот кандидат Доналд Трамп досега добиле најмалку донации од Wall Street. Тоа и не е така зачудувачки, со оглед на тоа што Сандерс во својата предизборна кампања го обвинува Wall Street  за финансиската криза и ветува дека големите банки ќе ги подели во повеќе помали. Сандерс собрал само 26.650 долари донации од банакрите од Wall Street од најавата на својата кандидатура, што е многу мал дел од вкупните донации од 96 милиони долари кои досега ги собрал Сандерс.

Милијардерот Трамп, кој сам ја финансира својата кампања досега од Wall Street добил само 1.566 долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×