Донација на Стопанска банка – Битола за битолскиот Клинички центар
Објавено на од во Економија
Банката донираше монитори за следење на витални параметри, електрокардиограф, неонаталошки и бебешки креветчиња и друга опрема. 
IMG_9326

 

 

 

 

 

 

 

Стопанска Банка а.д Битола денеска донираше медицинска опрема, за потребите на неколку одделенија во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски„ во Битола. Предмет на донација беа монитори за следење на витални параметри на пациентите и Електрокардиограф – апарат за снимање на срцевата работа за Одделот за неврологија, неонатолошки и бебешки креветчиња за Одделот за Неонатологија и Детското одделение. Исто така донирана беше и друга опрема која ќе биде распределена во Одделот за гинекологија и останатите одделенија според потребите на Клиничката болница во Битола.

Донацијата беше предадена од членовите на Управниот одбор на Стопанска Банка а.д. Битола д-р Наташа Несторовска и м-р Гордана Балтовска, на директорот на болницата д-р Зоран Лазаров. На настанот присуствуваа и д-р Жаклина Сирвини – помошник директор за интернистички гранки и д-р Снежана Ристевска – специјалист невролог, со чија соработка беа договорени и предметите на донирање.

IMG_9279

 

 

 

 

 

 

 

Членот на Управнот Одбор на Банката, г-ѓа Наташа Несторовска, истакна дека со оваа донација Стопанска Банка а.д. Битола уште еднаш на дело ја потврдува својата социјална и општествена одговорност. Донацијата се однесува на оние сектори и институции во нашето општество каде е најмногу потребна.

Директорот на Клиничката болница Битола, Д-р Зоран Лазаров, истакна дека опремата ќе помогне во работата на Болницата, допринесувајќи во поквалитетна услуга и третман на пациентите, и ќе го направи престојот и животот на пациентите поедноставен и полесен.

Целта на нашата Банка е со оваа донација да допринесе во унапредување и поддршка на јавното здравство во Република Македонија како дејност од јавен интерес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×