Дончев: Економијата е само инструмент во рацете на политиката  
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016

Благоја Дончев, генерален директор на Адинг

Doncev-WEB

На бизнисот му требаат “нормални услови и мирно море” и тогаш тој ги покажува своите потенцијали.

Адинг оваа 2015 година ќе ја заврши успешно над очекуваното,  односно  планот ќе биде реализиран за повеќе од 25%, а добивката очекуваме да биде поголема од минатата 2014 година.
Тоа се должеше на зголемените активности во градежништвото на домашниот пазар, како и на странскиот каде Адинг е долги години присутен. Нашиот Бизнис план за наредната 2016 година го донесовме исто така оптимистички со очекувања дека ќе го реализираме.

Оптимизмот се должи пред се на извозот и присутноста во државите од регионот Бугарија, Србија, Косово, како и во далечниот Казахстан.
Нашиот оптимизам за 2016 година е условен со неизвесноста како ќе се разреши политичката криза во Македонија. И во најпозитивна разрешница, објективно изборната година не е добар сојузник на економијата. Во случај на лоша разрешница тоа би било голем проблем за сите компании кои најмногу ќе ја почувствуваат кризата, а последично и граѓаните на Македонија.

Во таков случај и извозните компании ќе бидат директно погодени бидејќи се губи довербата и сигурноста на способноста да се одговори на обврските.

Моите очекувања за 2016 година не се големи, напротив, во еден сегашен политички момент, економијата е само инструмент во рацете на политиката, која ги трпи импровизациите, нереалните ветувања, избрзаните и популистички одлуки, закони и сл.
На бизнисот му требаат “нормални услови и мирно море” и тогаш тој ги покажува своите потенцијали. Зборувам и мислам на бизнис на долги патеки – инвестирање, развој и стратегија во држава која ќе обезбеди услови и рамноправен третман на сите компании на пазарот.

Нашата компанија е извозно ориентирана и тоа ќе продолжи и во 2016 година. Во Бугарија го проширивме производниот капацитет во градот Перник до Софија, инвестирајќи повеќе од 250 илјади евра во нова технолошка линија за производство на прашкасти производи која ќе ја пуштиме во првата половина на годината.

Целта е да го покриеме пазарот во Бугарија и Романија, како и полесен транспорт на нашите производи на пазарот во Казахстан поради добрите сообраќајни врски со таа земја во која Адинг е присутен повеќе од 20 години.

Нашата определба да инвестираме во Бугарија е предноста на држава во ЕУ, а со тоа Адинг се појавува со производство од ЕУ што перспективно носи многу предности. Во нашиот Бизнис план за 2016 година ги дефиниравме приоритетите – пазарите кои беа носечки во оваа година, Македонија, Србија, Бугарија, Казахстан и Косово. Очекуваме зголемување на пласманот во БиХ, Црна Гора и новите пазари Шведска и Либија (доколку се разреши состојбата во таа земја) и ќе ја пратиме можноста за враќање во Хрватска, Русија, Албанија, Иран и Романија, каде поради лошите бизнис услови привремено се повлековме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×