Дори Кларк: Личното брендирање го прави водството полесно
Објавено на од во ЛИДЕРИ
Вистинските водачи водат проади нивните идеи и придонесуваат кон взаемни цели. Не поради нивната позиција во хиреархијата . Секој треба да се обиде да се истакне вели авторот и водач од Њујорк, Дори Кларк.
Dorie-Clark-Hero-Image-1024x733„Сфатив многу рано во почетокот на мојот бизнис, што го создадов во 2006 година како консултант за маркетинг стратегија, дека на многу начини, вие сте само еден од многутте на на пазарот. Има толку многу луѓе што го прават она што вие го правите. Ако сте консултант има еден милион консултанти. Ако сте графички дизајнер, има милиони графички дизајнери. И некако треба да им се даде на луѓето силна причина да склучуваат бизнис зделки со вас а не со некој друг. И тоа, се разбира, станува уште поакутно во ерата на интернетот, бидејќи тие не само што можат да изберат од сите други маркетинг консултанти или графички дизајнери, можат да избираат од сите низ целиот свет, од кои многумина ќе бидат очигледно поевтини од тебе. Ако сакате да преживеете многу помалку и да изградите солиден и профитабилен бизнис за себе, треба да воспоставите бренд со некое признание на пазарот. Инаку, нема добра причина за потрошувачите да прават нешто друго освен да ја изберат најевтината опција“.
Вие напишавте во вашата книга дека потребно е голема идеја. Ги зголемуваш границите. Колку е важна оваа голема идеја?
„Таа голема идеја може да биде фраза која ги заплашува луѓето и така ќе ја изменам на карактеристична идеја, можеби дури и карактеристична перспектива. Постои жена која барем во САД е прилично добро позната по име Крис Кар. Таа напиша книга неколку години назад наречена „Луд сексуален рак“. Тоа беше книга за млади луѓе заболени од рак, бидејќи таа, за жал, добила рак кога била млада. И сите книги што таа ги пронашла за луѓето болни од рак биле книги наменети за луѓе во нивните 60-ти или 70-ти и тоа едноставно не се од полза кога вие сте 20 години бидејќи сте полни со прашања како „Па, како да излегувам со луѓе кога имам рак?“ Или некои слични работи. Тоа не е она што мислите кога сте 70 години. И така, нејзините информации можеби не биле револуционерни, но нејзината перспектива била многу поинаква. Имаше нешто уникатно да понуди. Мислам дека размислувањето за тоа што си ти поразличен од другите треба да се стави во прв план“.
Зборувавме многу за индивидуално презентирање, личното брендирање. Но, во што имаат корист корпорациите од ова?
„Во корист на компанијата се неколку работи. Прво и најистакнато е дека ако сте познати како компанија, каде што работи особено успешна личност или група успешни и почитувани луѓе, тоа е јасен бесплатен начин за привлекување на нови клиенти, бидејќи клиентите ќе сакаат да работат со овие кул луѓе. И вашата компанија е местото каде што тие можат да го направат тоа. Значи, бидејќи овие поединци го градат својот личен бренд, во суштина прават бесплатни реклами за вашата компанија. Тоа не е лошо. Од друга страна станува полесно за вас да регрутирате талент, бидејќи другите талентирани луѓе сакаат да работат со вашите добро-брендирани и добропочитувани вработени. Поттикнувањето на вашите вработени да го изградат својот личен бренд е суштински начин за намалување на трошоците за стекнување талент и за подобрување на продажбата и маркетингот“.
Значи, би рекле дека корпорациите треба да го поттикнат личното брендирање и силните лидерски размислувања на својот персонал?
„Мислам дека постојат два различни начини на гледање. Тоа е внатрешно брендирање и надворешно брендирање. Мислам дека стратешки е вредно за компаниите да инвестираат во внатрешна и надворешна помош за брендирање за нивните високи раководители и нивниот тим за лидерство, бидејќи тие се луѓе кои можат да станат „дождовите за компанијата“. И тие ќе бидат јавно видливи. Тие се оние што зборуваат на конференции и можат да ги привлечат клиентите.
Но, мислам дека е многу вредно за компаниите да обезбедат обука или помош, или обука за лично брендирање во организацијата. Затоа што ако еден вработен се усогласи со тоа, да дигне рака и да каже: „Јас сум навистина заинтересиран за ова.“ Или, „О, јас имам вештини овде што можам да аплицирам“, прави многу поверојатно дека нивните таленти ќе бидат препознаени и можат да бидат искористени од страна на компанијата. Сега гледаме многу случаи каде што компаниите не ги користат целосните вредности на своите вработени, бидејќи дури и не знаат што можат да направат нивните вработени. Тие немаат идеја за што се способни. Но, ако ги обучиш за да можеш да покажеш дека може, тогаш можеш да извлечеш многу повеќе од нив“.
Ако сите се издвојат или многу луѓе се истакнуваат и работат на нивните индивидуални мисии, како тоа се совпаѓа со целите на компанијата?
„Земете го за пример Веновиот дијаграм: Постојат два круга, нели? Тие се преклопуваат во средината. И така сакам да размислувам за вашиот бренд и брендот на вашата компанија, бидејќи ако вашиот бренд е едниот круг овде а брендот на компанија е друг круг некаде на друго место,  не прави многу смисла, бидејќи тогаш изгледа како да немате ништо заедничко со вашата компанија“.
 Ајде да го побараме споделеното „Зошто“?
„Друг проблем кој се случува многу почесто е дека вашиот бренд и брендот на вашата компанија се совпаѓаат 100%. Што е разликата тогаш? Што лично додавате? Не додавате ништо. Вашиот бренд е иста работа како компанијата и погоди што? Ако одеднаш ја изгубите својата работа, ќе бидете отпуштени, што и да е, ако вашиот бренд е токму она што е брендот на вашата компанија, кој си без компанијата? Најдобро е ако може да се воспостави идентитет за себе“.
Како оваа лична репутација влијае врз раководството?
„Јас би рекол дека улогата на личното брендирање и како таа ја менува раководната равенка е во тоа  кога се е извршено добро. Тоа всушност го прави раководството полесно и подобро, бидејќи им разјаснува на луѓето зошто тие треба да следат. Тоа го забрзува процесот на градење на лидерство, бидејќи луѓето се свесни за тоа кој сте и што сакате да направите во светот. И ако тие се согласуваат со тоа, тие ќе сакаат да се приклучат“.
Дали би рекле дека раководството на мислата го ослободува водството од хиерархијата?
„О, да,! Мислам дека постои многу рамноправен аспект за лидерство каде се искажува мислење, бидејќи тоа е најдобра идеја за победа. Во традиционална лидерска хиерархија, тоа е, „Океј, мораш да ги слушаш овие лица, бидејќи тие се газдите. Мора да ги слушаш, бидејќи мораш да ги слушаш. И во раководството нарасудување/мисла, тоа не функционира така. Ако вашата идеја е ужасна, луѓето нема да ве следат или да ја поддржат вашата идеја. Но, ако слушаат навистина добра идеја од некој, дури и ако тоа е поткрепено со малку извори , тие ќе кажат: „Ох, тоа е всушност прилично паметно. Ајде да слушнеме повеќе за тоа.
Теоретски, во корпорациите сакаат најдобрите идеи да се искачат на врвот. И така, ако сме сериозни во врска со тоа, а не само зачувување на засилената хиерархија, но ако навистина сакаме големи иновативни идеи, треба да ги поздравиме, без разлика дали тие доаѓаат од постар, менаџер,  или од работник на терен, кој имал некаков вид откритие поради тоа што тој комуницирал со клиентите. Има нешто многу моќно во врска со тоа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×