Доста се фаворизираа странски компании, македонските градежници имаат квалитет да градат големи проекти!
Објавено на од во Економија

Цебрен и ГалистеБизнис заедницата задоволна што Владата ќе ја финансира изградбата на Чебрен и Галиште

Бизнис заедницата ја поздравува иницијативата на Владата на Република Македонија да ја финансира изградбата на мега проект како Чебрен и Галиште од буџетски средства. Тие сметаат дека е избран правилен концепт на давање на предност на домашната оператива имајќи го во предвид дактот дека последните брани кои се пуштени во енергетскиот систем во нашата држава, Св. Петка и Козјак, ги изградија домашни компании.

Бизнис заедницата ја поздравува иницијативата на Владата на Република Македонија да ја финансира изградбата на мега проект како Чебрен и Галиште од буџетски средства. Доколку се обезбедат потребните средства, тоа според нив би било најправилниот пристап кон реализација на овој проект, со оглед на тоа дека секое финансирање на проект од кредити обезбедени од инвестициони фондови, кредити од независни финансиски институции или сл. со себе би повлекло одредени услови при користење на средствата, а со тоа и услови при избор на компании кои би учествувале во изведбата на проектите.

 

“Досегашните примери во нашата земја доведоа до тоа да се фаворизираат странски компании, додека нашите компании работеа како подизведувачи и се користеа како евтина работна сила со која се надградуваа портфолијата на странските компании. Неспорен е и податокот дека цените по кои работеа овие компании беа драстично повисоки од она што го нудат на пазарот нашите градежни фирми. Сепак радува фактот што е избран правилен концепт на давање на предност на домашната оператива имајќи ги во предвид информациите дека последните брани кои се пуштени во енергетскиот систем во нашата држава, Св. Петка и Козјак, ги изградија домашни компании, иако не секогаш се појавуваа како главни изведувачи, но успеаја да го потврдат постоењето на квалитет и подготвеност на македонската градежна оператива да одговори на вака големи предизвици”, велат од Здружението на градежништвото и индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија

Со ваквиот концепт и пристап, градежниот сектор очекува големи придобивки како за градежништвото како стопанска гранка, така и за целокупната економија во државата.
Нивните проценки се дека драстично ќе се подобри техничко-технолошкиот капацитет на компаниите, што ќе допринесе до еден повисок степен на стручност, ќе се усоврши и надгради кадарот кој ќе биде ангажиран при изведба и директно ќе влијае на подобрубање на економијата, имајќи во предвид дека ваков проект согласно обемот на најаванета инвестиција би чинел повеќе од 200 милиони евра.

“Кога на сето ова ќе се додаде и фактот дека се инвестира во проект кој за неколку години ќе ја врати инвестицијата и на долг рок ќе придонесе кон создавање на реални добра, цениме дека ова би била вистинска инвестициска одлука на државата, вклучувајќи ги и бенефитите кон граѓаните како корисници на овој вид енергенс, градежните компании, но и за одредени стопански дејности”, посочуваат од Здружението на градежништвото во рамки на Стопанската комора на Македонија.

Генерално гледано од енергетски аспект, но земајќи ја во предвид и вкупната економска состојба во државата, изградбата на ХЕ Чебрен и ХЕ Галиште би била корисна и за подобрување на состојбите во енергетиката и зголемување на домашното производство на електрична енергија, оценуваат од Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија, од каде исто така ја поддржуваат одлуката на Владата во изнаоѓање на начин за изградба на хидроцентралите по Црна Река.

“Зголемувањето на производните капацитети, користејќи го хидро потенцијалот, е од големо значење како за регулација на водотеците, така и за обезбедување на балансна енергија, која на пазарот е со високи цени”, велат за “Капитал” од Здружението за енергетика.
Сега 70% од потребите за електрична енергија, Република Македонија ги обезбедува од сопствено производство. Хидроенергетскиот систем на Црна река е искористен на долниот тек пред вливот во река Вардар со изградба на постојната ХЕ Тиквеш.
“Искористување на горниот тек на Црна река после кањонот во мариовскиот дел е идеја стара повеќе децении и досега се направени повеќе студии и проекти. Изработени се студии и проекти на повеќе технички подлоги за варијанти за изградба на ХЕ Чебрен и ХЕ Галиште како узводни електрични централи на постојната ХЕ Тиквеш. Со изградба на каскадните електрични централи би се искористил хидро потенцијалот на Црна река”, објаснуваат од Здружението за енергетика.

Во таа насока, производството на електрична енергија со дополнително користење на хидроенергетскиот потенцијал на Црна река после пелагониската котлина, од влезот во кањонот во Мариовскиот дел до вливот во река Вардар, ќе овозможат расположивиот пад да се искористи енергетски, а ќе се создаде можност за наводнување на просторните површини во Тиквешкиот регион.
“Со водостопанското решение за искористување на водите на Црна река во нејзиниот средишен и долен тек се предвидува истите да бидат искористени за енергетско-мелиоративни цели. Овој потег од речниот тек има природни услови за подигнување високи прегради и формирање на акумулации”, велат од Здружението на енергетиката при Комората.

До крајот на годинава ќе се обави нов 12-ти тендер за Чебрен и Галиште

Проектот за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште е стар проект за кој во Македонија се зборува повеќе од 50 години. Досега се направени многу анализи и објавени дури 11 тендери кои за жал беа неуспешни и на Македонија никако не успеа да најде инвеститор кој ќе го гради овој важен проект.
По неуспешните тендери да се најде инвеститор и концесионер кој ќе ги гради и стопанисува хидроелектраните Чебрен и Галиште, Владата одлучи државата, преку ЕЛЕМ, сама да влезе во оваа инвестиција. Новиот проект предвидува изградба на една поголема и уште неколку помали електрани по течението на Црна Река, кој ќе имаат вкупна инсталирана моќност од 200 до 300 мегавати. Идејата на Владата е инвестицијата од околу 400 милиони евра да се обезбеди преку кредит од домашните банки, а во изградбата да учествуваат домашните градежни компании.
Домашните банки начелно имаат интерес за учествуваат во овој проект, но некои од нив предлагаат да се издадат и посебни обврзници кои ќе може да ги запишуваат и македонските граѓани.
Новата варијанта за проектот Чебрен и Галиште која ја предлага Владата е Галиште да биде помала електрана, односно да биде со моќност онолку колку што дозволува природата да се произведе електрична енергија, а потоа надолу по течението на реката Црна река да се изградат уште неколку помали електрани се до електраната Тиквеш, објаснува Анѓушев.
Главниот фокус на размислување на Владата, вели Анѓушев, е како ЕЛЕМ да биде инвеститор, односно новите електрани да останат во системот на домашниот производител на електрична енергија ЕЛЕМ.
“Сметаме дека е лошо ако електраните Чебрен и Галиште се дадат на некој приватен оператор, а електраната Тиквеш да ја задржи ЕЛЕМ, бидејќи секогаш ќе биде зависна од горните електрани кои ќе го контролираат дотокот на водата. Затоа е најприродно ЕЛЕМ да биде сопственик на Чебрен и Галиште и целиот тој систем по течението на Црна Река”, смета вицепремиерот Анѓушев.
Според првичниот план, до крајот на годината ќе се распише тендер за изградба на електраните Чебрен и Галиште, а од следната 2019 година да почнат и оперативните активности околу изградбата на проектот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×