Досуден притвор за Ивица Тодориќ! Има три дена да се врати во Хрватска или ќе се апси со европска потерница!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ivica TodoricСопственикот на хрватскиот гигант Агрокор, Ивица Тодориќ има три дена да се јави во притворската единица на распит или против него ќе биде распишан европски налог за апсење, односно Интерпол потерница.

Од 15 осомничени во случајот Агрокор, истражен затвор му е одреден само на Ивица Тодориќ, заради опасност од влијание врз сведоците, додека сите 12 уапсени менаџери вчера доцна вечерта се пуштени од притворот Реметинац.

Според хрватските медиуми, во Хрватска денес или утре треба да се врати неговиот син Анте Тодориќ, но не се знае дали и Ивица Тодориќ ќе се врати во земјата.

Кратко откако судијата му одреди истражен притвор, на својот блог се огласи и Ивица Тодориќ. Тој напиша дека со одлуката за отфрлање на барањето за притвор на менаџерите на Агрокор, правната држава стави крај на политичкото самоволие. Тодориќ тврди дека апсењата биле договорени на минатонеделниот состанок во кабинетот на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а на кој присуствувале високи политички функционери.

“Нема да престанам да се борам за вистината која ќе ја разобличи монтираната политичка кампања”, напиша Тодориќ и им се извини јавно на сите кои заради него трпат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×