Драги: Биткоинот подразбира голем ризик
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, предупреди дека биткоинот и другите криптовалути се „ризични средства“, кон кои сите, а особено банките, треба да пристапуваат во голема претпазливост.

„Виртуелните валути се подложни на голема нестабилност. Нивната вредност е целосно шпекулативна“, изјави Драги во Европскиот парламент.

ЕЦБ не забележала дека банките имаат „значајни резерви во вакви валути“, и оти не покажуваат „голем апетит“ за нив.

Меѓутоа, бидејќи на некои светски берзи се тргува со биткоини, „европските банки развиваат ставови“ за крипотвалутите, рече Драги.

Тој смета дека поради фактот што криповалутите се развиваат во „нерегулиран простор“, банките што се занимаваат со нив мораат да сметаат на „зголемен ризик“, главно поради нестабилноста на цената.

За потсетување, францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, и неговиот германски колега, Петер Алтмаер, на средината на јануари изразија волја да го регулираат биткоинот и објавија дека нивните земји ќе изнесат заеднички предлози на состанокот на министрите на финансии од Г20 во март.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×