Ако деновиве го отворивте кој било крипто-портал, веројатно ве дочека истиот наслов: Грција ќе ја одбие апликацијата на Binance за MiCA лиценца. Вестите паднаа како бомба бидејќи крајниот рок е 30 јуни 2026 година, а влогот е огромен. Ако најголемата берза на светот не добие зелено светло, од 1 јули нејзината иднина во Европската Унија е под сериозен знак прашалник.
Што всушност се случува зад кулисите, кој ќе го „јаде стапот“, а кој во Македонија може мирно да спие? Ова е сè што треба да знаете.
Војна на релација Ројтерс – Binance – ECB
Според извори на Ројтерс, грчкиот регулатор (HCMC) се подготвува да ја одбие најголемата берза за крипто во светот Binance, под притисок на Европската централна банка (ECB) и Кристин Лагард, кои наводно интервенирале зад сцената.
Од друга страна, Binance веднаш возврати со остар демант: „Нашата апликација е комплетна, помина низ филтрите на Грција и ESMA (Европското крипто-тело) и беше оценета како усогласена“.
Зошто Грција е важна? Новата европска регулатива MiCA функционира на принцип на „пасош“. Доволно е да добиеш лиценца во една ЕУ земја, и автоматски имаш дозвола за работа во сите 27 членки. Ако Грција каже „НЕ“, Binance паѓа во сериозна дупка.
ЕУ корисници: Што смеат, а што не смеат од 1 јули?
Ако сценариото за одбивање се оствари, за корисниците во ЕУ правилата за игра драстично се менуваат.
Повеќе НЕМА да можат:
Слободно депонирање фиат: Нема повеќе лесни SEPA трансфери во евра.
Тргување со нерегулирани stablecoins: Популарниот USDT веќе е на „црната листа“ на MiCA, а со целосно одбивање, тргувањето со него во ЕУ станува речиси невозможно.
Фјучерси и маргин тргување: Напредните алатки за пазари на изведени криптовалути целосно се гасат за ЕУ резиденти.
Сè уште ЌЕ МОЖАТ:
Повлекување на средства: Парите нема да пропаднат. Корисниците ќе можат безбедно да ги повлечат своите криптовалути на приватни паричници (како Trust Wallet) или на берзи кои веќе имаат MiCA лиценца (како Coinbase или Kraken).
Сценарија за спас: Како Binance ќе го убрза процесот?
Binance нема лесно да го предаде европскиот пазар. Ако Грција пропадне како опција, веќе се шпекулира за следните потези:
Експресен „План Б“ преку Франција или Полска: Таму каде што веќе имаат локални регистрации, да се обидат да издејствуваат MiCA лиценца, иако едно одбивање во ЕУ ќе ги крене алармите насекаде.
Судска битка: Правниот тим на Binance може да поднесе жалба до европските судови за да издејствува „привремена мерка“ со која ќе продолжи да работи додека не се реши спорот.
Што значи ова за македонските корисници? (Спојлер: Мирни сте, ама…)
За сите кои тргуваат од Македонија, најважната вест е: Македонија не е членка на ЕУ, па MiCA правилата не важат за нас. Македонските корисници продолжуваат да ја користат глобалната платформа (Binance.com), со пристап до фјучерси, P2P тргување и USDT без никакви промени.
Клучниот детал каде што многумина ќе погрешат: Мерките не ве таргетираат според тоа каде сте родени, туку според податоците што сте ги дале за KYC верификација.
Ако сте македонски државјанин, но вашата сметка на Binance е верификувана со бугарски пасош, ЕУ лична карта или доказ за адреса во ЕУ (Германија, Словенија, Австрија…), за системот вие сте ЕУ корисник. Од 1 јули, вие ќе ги почувствувате сите рестрикции.
Решение? Доколку реално живеете во Македонија, веднаш иницирајте промена на резиденцијалноста во менито на Binance (Change of Residency), прикачете македонски документи и сметка за адреса и префрлете се на безбедно под глобалниот ентитет на берзата пред да чукне крајниот рок.
Сепак , се уште има време до 01 јули и да се надеваме дека се ќе се реши позитивно пред се за крипто корисниците !!!



















