Драматичен пад на странските директни инвестиции на светско ниво, од 42% во првото полугодие
Објавено на од во Економија

Даночната реформа на претседателот Доналд Трамп во САД е главната причина за овој остар пад којшто се надоврза на падот од 23% во 2017 година, затоа што американските компании почнаа да ги враќаат во матичната земја профитите заработени надвор, објаснуваат од UNCTAD, светската организација за трговија и развој при ООН.

Group of Business Talking in a Meeting

Падот на вкупната вредност на СДИ е во спротивност со трендовите на прекугранични спојувања и преземања (M&A) и објавените гринфилд инвестиции. Спојувањата и преземањата останале горе-долу на иста вредност како првото полугодие лани, 371 милијарди долари, додека гринфилд инвестициите пораснале за 42%.

 

 

28sВо Македонија странските директни инвестиции (СДИ) во првите шест месеци годинава изнесуваат 327,6 милиони евра, што е четирикратно повеќе во однос на истиот период во 2017 година, покажаа податоците на НБРМ неодамна. Износот на сопственичкиот капитал и реинвестираната добивка изнесува без малку 170 милиони евра, односно 162 милиони евра се вложувања на директниот инвеститор во компанијата во којашто се инвестира, 15 милиони евра се повратни вложувања и 10,7 милиони евра се вложувања помеѓу хоризонтално поврзани компании. Овој позитивен тренд доаѓа по приличното слабата 2017 година, кога во земјава вкупните СДИ изнесуваа 182 милиони евра, речиси половина од износот што во 2018 е влезен само за првите шест месеци. Аналитичарите велат дека позитивниот тренд на СДИ се очекува да продолжи во земјава, по зголемување на извесноста дека ќе биде ратификуван Преспанскиот договор, односно шансите за влез на Македонија во НАТО се сè поголеми по позитивното гласање во парламентот во врска со уставните промени, што се случи во петокот, на 19 октомври.

26sdОвој значителен пораст на СДИ во Македонија во првото полугодие годинава го бележи и статистиката на UNCTAD, Агенцијата на ОН за трговија и развој, според чиишто податоци, регионот на југоисточна Европа, забележал раст на приливот на инвестиции од 30%, на 3,3 милијарди долари (статистиката на UNCTAD ги бележи вредностите во американски долари, н.з.), при што значителен пораст имаат и Албанија, Србија, итн. Поширокиот, пак, регион на транзициските економии како што ги именува UNCTAD, со с$ ЗНД и Грузија, бележи вкупен пад од 18%, на 25 милијарди долари, при што во најголемата економија од овој регион, Русија, приливот на СДИ е паднат за 19%, на 15 милијарди долари.


Најниско полугодишно ниво од 2005 наваму

За разлика од движењата на СДИ во регионов, на светско ниво СДИ паднале за 41% на 470 милијарди долари во првите шест месеци годинава, што е најниско ниво од 2005 година, според прелиминарните податоци на UNCTAD.

Даночната реформа на претседателот Доналд Трамп во САД е главната причина за овој остар пад којшто се надоврза на падот од 23% во 2017 година, затоа што американските компании почнаа да ги враќаат парите во матичната земја, што за минатата година изнесуваше 217 милијарди долари, рече шефот за инвестиции во UNCTAD, Џејмс Џан, пренесува Ројтерс.

“Инвестициските текови се повеќе под влијание на политиката, а помалку на економските циклуси“, рече Џан на прес конференцијата, наведувајќи ги како илустрација даночните реформи во САД и економската либерализација во Кина.

“Сè на сè, сликата е мрачна, а ни перспективите не се нешто оптимистични“, додаде.

Странските директни инвестиции, коишто вклучуваат купување на компании во странство, позајмици на едно друштво на друго во рамки на иста компанија, како и вложување во нови проекти во странство коишто тргнуваат од нула (гринфилд инвестиции), претставуваат столб на глобализацијата и потенцијален сигнал за раст на корпоративните синџири на снабдување и идни трговски врски.

Но, тие може да одат и во спротивна насока кога компаниите се повлекуваат од странските проекти или ја враќаат заработката во татковината. Такви пресврти би можеле да го еродираат значењето на меѓународните синџири на снабдување, чиешто значење како двигател на меѓународната трговија растеше до 2011 година, а оттогаш стагнира, истакна Џан.

30sИрска најголем губитник на СДИ во Европа

Со оглед на тоа што американските компании ги повлекоа профитите од странство во матичната земја во првата половина од годинава, Кина стана водечка дестинација за СДИ со прилив од 70 милијарди долари, што е раст од 6%. Земјите во развој привлекоа двојно повеќе СДИ од износот што го забележаа сите развиени земји заедно. Имено, државите во развој забележаа само незначителен пад на вложувањата, за 4%, на 310 милијарди долари.

Од друга страна, приливот на СДИ во Европа падна за 93%, при што Ирска, традиционалната европска база за многу американски мултинационални компании, забележа негативен скор од 81 милијарда долари, а Швајцарија загуби 77 милијарди долари.

Британија, меѓутоа, скокна на второ место на глобалната СДИ ранг листа со 66 милијарди долари прилив, бидејќи меѓународните корпорации ги префрлаа парите во оваа земја преку внатре – компаниските позајмици.

Соединетите држави се на трета позиција со 46,5 милијарди долари прилив. Четврта е Холандија, којашто привлече 44,8 милијарди долари СДИ, а меѓу првите десет се уште и Австралија (36,1 милијарди долари), Сингапур (34,7 милијарди), Хонг Конг (33,6 милијарди), Шпанија (29,8 милијарди), Бразил (25,5 милијарди) и Индија (21,6 милијарди).

И покрај целокупното забавување, гринфилд инвестиците бележат раст од 42%, пружајќи надеж дека ќе следат посилни текови на парите, коишто ќе ја придвижат потрошувачката и трговијата во иднина, пренесува Ројтерс.


Пад на странските инвестиции и во САД

Репатријацијата на акумулираните заработки на американските компании во странство не е единствено објаснување за падот на глобалните инвестициски текови. Приливите на СДИ во САД исто така паднаа значително, и покрај потенцијалниот стимулативен ефект што даночните реформи се очекуваше да го имаат на инвестициите направени од странски компании.

Падот на СДИ во Европа беше значително предизвикан од репатријацијата на заработките што американските мултинационални компании ги направиле на нејзина територија, следствено на реформите во даночењето на корпоративните добивки што администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги воведе на крајот од 2017 година. Во првата половина на 2017, САД имаше директни инвестиции надвор во износ од 149 милијарди долари, со реинвестирани добивки од 147 милијарди долари. Во првата половина на 2018, реинвестираните добивки паднаа во нето дезинвестиран износ од – 217 милијарди долари.

Ваков голем негативен одлив неминовно води до пад на глобалните приливи на СДИ, иако ефектот не е линеарен, туку разводнет заради големиот износ на репатријации што се случуваат во офшор финансиските центри, коишто не влегуваат во анализите на UNCTAD. Ефектот е исто така асиметрично распространет, со најзначителни репатријации забележани од Карибите и останатите земји познати како даночни прибежишта, додека најголемите падови во приливите на СДИ се забележани во Швајцарија и Ирска, покажувајќи ја така важната улога на индиректните инвестициски текови.

Репатријацијата на акумулираните заработки на американските компании во странство не е единствено објаснување за падот на глобалните инвестициски текови. Приливите на СДИ во САД исто така паднаа значително, и покрај потенцијалниот стимулативен ефект што даночните реформи се очекуваше да го имаат на инвестициите направени од странски компании. Несигурноста околу имплементацијата на деталите од реформите, заедно со неизвесноста околу трговските односи на САД и големите партнери, може да се исто така фактори што влијаеја врз овие трендови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×