Драстичен пад на нарачките за германската индустрија
Објавено на од во Економија
Главниот проблем за германската индустрија повеќе не е недостигот на квалификувани работници и опрема како лани, туку побарувачката.
де индГерманското индустриско производство падна нагло во јуни, покажаа официјалните податоци, што сигнализира продолжување на тешкиот период за водечката економија во Европа.
Индустриското производство падна за 1,5% во јуни од пред еден месец кога беше скоро во застој, соопшти Министерството за економија и енергија. На годишно ниво, падот беше уште поизразен, достигнувајќи 5,2%.
„Активноста во индустријата продолжува да опаѓа“, истакна Министерството, истакнувајќи дека производството опадна за 1,8% во целиот втор квартал. Владините економисти особено го посочуваат падот на производството на метали, машински алати и автомобили.
Гледано по категории, производството на репроматеријали најмногу се намали за 2%. Најмал пад на производството е забележан во категоријата производи за широка потрошувачка, за 1,4%. Производството на енергија исто така се намали за 1,6%, додека благ пораст за 0,3% е забележано само во градежниот сектор.
Главниот проблем за германската индустрија повеќе не е недостигот на квалификувани работници и опрема како лани, туку побарувачката. Зрак надеж влезе во вчерашните податоци за растот на новите индустриски нарачки за јуни од 2,5% во однос на претходниот месец. Главната причина беше закрепнувањето на побарувачката од земјите што не се во еврозоната, чии побарувања скокна за 8,6%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×