„Дрекслермаер“ соработува со над 600 домашни компании, и планира бројката да расте
Објавено на од во Економија
Компанијата „Дрекслермаер“ кај Кавадарци користи услуги од над 600 домашни компании, а на годишно ниво  обртот на средства со домашните добавувачи изнесува некаде околу 10.000.000 евра.
csm_Kavadarci4_web_01_9a2e65cd93Ова го соопшти генералниот директор на компанијата Лукас Мирингер на средба со министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ, истакнувајќи дека има интенција за зголемување на соработката со домашните компании.
Шапуриќ ги поздрави иницијативите и заложбите како за квалитетот и стандардите во компанијата, и за поддршката на разните проекти, особено за соработката со домашните компании, со што и директно се подобрува македонската економија.
Во соопштението од Кабинетот на Шапуриќ стои дека во однос на тековното работење, од „Дрекслермаер“ очекуваат олеснување особено во административниот дел, после дигитализација на техничката документација, за која како проект се залага и Владата, со што се создаваат услови за подобро и полесно работење на самата организација.
При обиколка на производствените погони и останатите делови од фабриката, на министерот Шапуриќ особен впечаток му оставија средношколците-практиканти од средното стручно училиште во Кавадарци, за што изрази големо задоволство од примена на концептот на дуално образование.
Миригнер ја истакна и неколкугодишната пракса на стипендирање студенти од техничките факултети на повеќе универзитети во Северна Македонија, со тоа што се надоврза дека од оваа година ќе склучат и договори за вработување со неколку студенти кои ги стипендирале изминативе години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×