Дрекслмаер и ИГМ трејд добија одобренија за овластен економски оператор
Објавено на од во Економија
Дрекселмаер Кавадараци и ИГМ-трејд – Кавадарци се двете компании кои добија нови одобренија за Овластен економски оператор (ОЕО) од Царинската управа, со цел подобрување на економските услови, зголемување на конкуретноста, олеснување на трговија и намалување на трошоците за работење.
Carina-1“Покрај тоа што се меѓу првите 10 топ извозници, двете компании покажаа високо ниво на почитување на царинските и безбедносните стандарди Статусот на ОЕО е меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во Република Северна Македонија (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени. Ние, како Царинска управа, во таа насока силно ќе ги охрабруваме македонските компании да се стекнат со статус на овластен економски оператор за да можат да се вклучат во глобалните синџири на снабдување во рамките на ЦЕФТА и да добијат меѓународно признавање”, велат од Царината.
Со овие две нови одобренија, вкупно четири компании имаат одобрение за Овластен економски оператор. Покрај Дрекслмаер и ИГМ Трејд, вакви одобренија досега имаат добиено Европа и Фершпед.
Преку овластениот економски оператор се олеснува и се забрзува меѓународната трговија и царинските постапки се одвиваат со минимум потребно време само за проверка на документи и се намалуваат и трошоците за економските субјекти.
Придобивките на компаниите со стекнување статус овластен економски оператор се бројни, од аспект на олеснување и забрзување на трговијата, промовирање на извозот и економскиот раст.
Се очекува бројката на лиценцирани овластени оператори во земјава да достигне до 150.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×