Државата денеска позајми од домашните банки 95,5 милиони евра
Објавено на од во Економија

Преку издавање на шестмесечни и едногодишни државни записи, денеска Министерството за финансии доби од домашните банки 95,5 милиони евра. Утре пак, доспеваат за отплата државни записи во вредност од околу 24,4 милиони евра, што значи дека на нето основа во државната каса остануваат околу 70 милиони евра.

За полугодишните записи, каматите што ги плаќа државата се 0,2% додека пак за годишните записи, цената на задолжувањето е 0,5%.

Оваа аукција покажа дека банките имаат интерес да вложуваат во државните хартии од вредност иако пред две недели се воздржаа, односно инвестираа во 15 годишни обврзници во износ 58% помал од бараниот.

Операцијата за задолжување кај домашните банки се случува и откако Народната банка ја намали основната камата на 1,75% и објави дека ја намалува понудата на благајнички записи за околу 130 милиони евра, ликвидност што дополнително се ослободува кај банките.

Освен од домашниот пазар, буџетот следните денови ќе биде поткрепен и со парите што ги одобри ММФ во износ од 176,5 милиони евра, а се преговара и за 140 милиони евра од Светска банка и околу 150 милиони евра од ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×