Државата ќе стане доверител во винариите на кои им ги исплати долговите кон лозарите
Објавено на од во Економија

Се очекува во четврток на вондредна седница Владата да ја донесе и одлуката за обесштетување на лозарите.

vizba

За да ги исплати лозарите, државата ќе стане доверител во винариите „Повардарие“ и „Стефани“. Владата на лозарите ќе им даде 1,5 милион евра што овие две винарии им ги должат за предаденото грозје, па потоа преку судски постапки и можеби преку извршители, ќе ги наплати парите од „Повардарие“ и „Стефани“.

Според Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, со измените на Законот за рурален развој кои вчера беа изгласани во Собранието, создаден е правен основ за обесштетување на лозарите од тиквешкиот регион, кои од 2014 до 2016 година го немаат наплатено предаденото грозје. Според него државата нема да го плати долгот на винариите, туку на лозарите на кои им е неопходна помош за да продолжат да работат.

 

Сепак, кога лозарите ќе ги добијат парите засега нема рок. Откако претседателот Ѓорге Иванов ќе го потпише Законот кој што вчера беше донесен, се очекува во четврток на вондредна седница Владата да ја донесе и одлуката за обесштетување на лозарите.

Потоа Министерството за земјоделство ќе го задолжи Инспекторатот за земјоделство да направи пресметки за точниот број на лозари и вкупниот долг според просечната цена на грозјето во 2014 година. После ова ќе започне исплатата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×