Државата разгледува опции за стимулирање на краудфандинг
Објавено на од во Економија

Можноста за воведување на овој начин за финансирање во Македонија беше дискутиран на Советот за развој на пазар на капитал, кој се одржа денес во Министерството за финансии.

DSC_0724

Примена на краудфандинг во Македонија, односно концепт на прибирање на средства од поголем број инвеститори за финансирање на компании, ќе придонесе за поголем и полесен пристап до капитал за малите и средни претпријатија, особено за стартапите. Можноста за воведување на овој начин за финансирање во Македонија беше дискутиран на Советот за развој на пазар на капитал, кој се одржа денес во Министерството за финансии.

Како што беше истакнато на Советот, веќе постојат успешни примери за краудфандинг во регионот, како Хрватска, која преку естонска платформа успешно собира средства за инвестиции во проекти. Беше посочено дека краудфандингот е значаен и од аспект на тоа што друштвата кои бараат средства мора да имаат регистрирано компании, како и дека финансирањето се одвива преку банкарските канали.

Со Советот за развој на капитал претседава министерот за финансии Драган Тевдовски, додека во него членови се гуверенерот на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерката без ресор Зорица Апостолска, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателите и директорите на регулаторните тела – на Комисијата за хартии од вредност, на Агенцијата за супревизија на осигурување, на МАПАС и на Македонска берза.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×